Четири идеални љубовни партнери за секој хороскопски знак

Девиците се познати по нивниот перфекционизам, па затоа Биковите се нивните идеални партнери. Љубовната врска меѓу Близнаци и Лав е страстна и уживаат еден во друг. Кои се идеалните партнери на останатите хороскопски знаци?

На Овенот најмногу му одговараат Водолија, Близнаци, Лав и Стрелец

Овен и Лав

Совршено се согласуваат во спалната соба. Во исто време можат да се расправаат и да се бакнуваат, а тоа може да го прават и пред други луѓе. И двајцата се склони кон флерт и изневерување, па треба да внимаваат на ова.

Овен и Стрелец

Доколку се заинтересирани само за секс, ова ќе им биде незаборавна авантура. Но доколку започнат врска, постојано ќе се натпреваруваат еден со друг. Сурово се искрени и не бираат зборови. Сепак на крајот остануваат пријатели.

Овен и Близнаци

Тие имаат сосема различен карактер, но секаде одат заедно. Не се расправаат и нивната врска се темели на почит и љубов.

Овен и Водолија

Не можат еден без друг и се привлекуваат како магнети, но за да функционираат совршено мора да се подготвени за компромис.

На Бикот најмногу му одговараат Рак, Девица, Риби и Јарец

Бик и Рак

Биковите и Раковите се компатибилни што се однесува на љубовниот живот бидејќи им даваат неограничена љубов на Раковите коишто го почитуваат тоа.

Бик и Девица

Девиците се нивните идеални партнери. И двата хороскопски знаци се романтични и ќе уживаат во романтични вечери и долги прошетки во паркот.

Бик и Јарец

Тие се совршени еден за друг. Најважно нешто во животот им е семејството, па заетоа се идеални родители.

Бик и Риби

Бикот е романтичен, а Рибите уживаат во тоа. Им даваат чувство на сигурност и нивната врска резултира со брак.

На Близнаците најмногу им одговараат Лав, Овен, Водолија и Вага

Близнаци и Вага

Уживаат во љубовниот однос кој се темели на поврзаност и меѓусебно надополнување. За кратко време врската им станува стабилна и забавна. Ако работат заедно ќе имаат одлична соработка и интересни идеи.

Близнаци и Водолија

Поврзани се на интелектуално ниво и ги поврзува љубовта кон уметноста, културата...Одлично се согласуваат бидејќи имаат слични потреби и немаат премногу очекувања и барања еден од друг. Никогаш нема да им биде здодевно кога се заедно.

Ракот најдобро се согласува со Скорпија, Риби, Бик и Девица

Рак и Скорпија

Ова е најидеалниот љубовен пар. Единствено треба да внимавате да не бидете премногу љубоморни.

Рак и Девица

Се надополнуваат еден со друг и постојано си искажуваат љубов. Оваа љубовна врска резултира со брак.

На Лавот му одговараат Овен, Близнаци, Стрелец и Вага

Лав и Стрелец

И двајцата припаѓате на групата огнени знаци, па таква ќе биде и вашата љубов. Ќе имате одличен секс. Единствен проблем во врската меѓу овие два хороскопски знаци се различните желби. Ако мажот е роден во хороскопскиот знак Лав, ќе му пречи што жената Стрелец постојано изглегува со пријателите. Ќе му пречи и тоа што жената Лав сака да доминира. Но со компромис во врската може да ги надминете овие проблеми. Вашиот брак ќе биде исполнет со страст, заеднички патувања, љубов и расправии.

Лав и Вага

Вагата ја смирува потребата на Лавот за луксуз и трошење пари. Овие два знаци имаат баланс во врската. Лавот ги почитува добрите манири на Вагата, но може да ги научи полесно да донесуваат одлуки. Оваа врска е долготрајна, динамична и прекрасна.

На Девиците најмногу им одговараат Бик, Јарец, Скорпија и Рак.

Вагите најубаво се согласува со Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав.

Скорпиите најубаво се согласуваат со Рак, Риби, Девица и Јарец.

Скорпија и Девица

Девицата е перфекционист и сака да контролира сè и да ги контролира сите, а тоа го вклучува и партнерот со кој е во врска. Скорпијата не поднесува некои да ѝ наредува, па можеби ќе имаат проблеми со тоа. Од друга страна, на Скорпијата ќе ѝ се допадне организираноста, добрината и посветеноста на Девицата и ќе ја засака поради овие нејзини особини.

Стрелецот најдобро се согласува со Лав, Водолија, Овен и Вага

Стрелец и Овен

Оваа врска ќе успее бидејќи на партнерот ќе му се допадне вашиот карактер и енергија. Идеалната комбинација е мажот роден во хороскопскиот знак Овен и жена родена во хороскопскиот знак Стрелец. Не можете да живеете еден без друг, го цените вашето слободно време, а кога сте заедно сте среќни и исполнети. Сексот е одличен бидејќи и двајцата партнери се склони кон експериментирање во спалната соба.

Јарецот најдобро се согласува со Девица, Бик, Скорпија и Риби

 

Водолијата најдобро се согласува со Вага, Близнаци, Стрелец и Овен

Водолија и Вага

Еден од најубавите љубовни односи. Полн со емоции, креативна енергија и возбуда. Во оваа врска е нагласена хармонијата дури и на нивото на сексуалноста. Ќе уживаат во стабилна врска исполнета со љубов и разбирање.

Рибите најдобро се согласуваат со Скорпија, Рак, Јарец и Бик

Скорпија и Риби

Оваа љубовна врска е одличен спој на почитување и разбирање. Скорпијата е мистериозна, а оваа нејзина карактеристика нема да му пречи на партнерот роден во знакот Риби.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе