Четири причини зошто страдате од надуеност навечер

Постојат многу причини што може да чувствувате надуеност. За почеток, добро е да се разбере точно е надуеност: заробен воздух во вашиот гастроинтестинален систем.

„Вашиот гастроинтестинален систем е како долга мускулна цевка со многу вентили и сфинктери по должината на трактот што ја поттикнуваат храната да се движи во вистинската насока (поголемиот дел од времето)“, вели д-р Роџер Е. Адамс, личен тренер и нутриционист.

„Понекогаш, ако проголтаме воздух - како на пример при брзо голтање храна или течност или пиење газирани пијалоци – тој може да заглави помеѓу овие вентили и сфинктери и да предизвика надуеност што може да се манифестира како надуеност, болка, притисок, па дури и жегавица“, објаснува тој.

Но, понекогаш надуеноста не е предизвикана од воздухот што го голтаме, туку од гасовите создадени од стомакот за време на дигестивниот процес, вели д-р Скот Дејвид Липе, раководител на Одделението за гастроентерологија во регионалниот медицински центар Берген во Парамус, Њу Џерси и асистент на клинички професор по медицина на Медицинскиот факултет Рутгерс.

„Некои луѓе имаат дисбаланс на бактерии во нивното тело, што може да резултира со тоа што некои видови храна и шеќери ги хранат бактериите и така се создаваат уште повеќе гасови“, вели тој.

Добрата вест е дека постојат голем број промени во животниот стил што можете да ги направите за да ја намалите надуеноста во текот на ноќта - па дури и да спречите тоа воопшто да се случи. Еве што прават погрешно навечер оние кои имаат проблеми со надуеност:

Вечерате непосредно пред да си легнете

После јадење оброк, на вашето тело му треба време да ја свари храната. Може да бидат потребни неколку часа додека храната излезе од вашиот гастроинтестинален тракт, забележува една студија од април 2014 година. Ова е особено точно ако вашиот последен оброк во денот бил обилен и мрсен.

„Ако јадеме доцна, а потоа одиме во кревет, тоа може да предизвика лошо варење, бидејќи желудочната киселина може да влезе во хранопроводот и да предизвика жегавица и подждригнување", вели Адамс.

„Бидејќи храната се вари додека спиеме, неактивноста на нашето тело може малку да го одложи варењето. Може да го зголеми производството на гасови и да предизвика надуеност во текот на ноќта или раните утрински часови“, објасни тој.

Вечерата е премногу обилна

Ако вашиот најобилен оброк е резервиран за вечера, може да внесувате повеќе калории, што потенцијално може да доведе до проблеми со телесната тежина и надуеност, според студија од април 2015 година.

„Јадењето обилен оброк навечер е рецепт за да се чувствувате непријатно“, вели д-р Руша Моди, гастроентеролог и доцент по клиничка медицина на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

„Додека спиеме цревата помалку ја движат содржината во нив, па чувствуваме тегоби и неудобност“, додава тој.

Кога ова е во комбинација со обилен оброк, јасно е дека може да се чувствувате надуени.

Јадете сиров зеленчук

Иако сировиот зеленчук може да биде многу здрав и полн со хранливи материи, Адамс предупредува дека му треба повеќе време и потешко се вари од другите намирници.

„Ако го јадете навечер, да речеме во салата, тоа може да предизвика надуеност во долниот дел на тенкото црево, што обично е најболната или најнепријатната област за надуеност“, вели Адамс.

Пиете премногу течности за време на оброкот

Иако е примамливо да пиете многу течности додека јадете, особено ако вашата храна е посолена, Адамс вели дека тоа може да предизвика доста истегнување на желудникот.

„Течностите може брзо да го наполнат стомакот што може да го забави варењето или едноставно да предизвика непријатност навечер“, вели тој.

Тагови
реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе