Четворица првотимци на ПСЖ се суспендирани бидејќи скандираа со навивачите

Фудбалерите на Пари Сен-Жермен - Рандал Коло Муани, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Левен Курзава - се суспендирани на еден натпревар поради хомофобични скандирања, објави во четвртокот Ligue de Football Professionnel (ЛФП).

Коло Муани, Дембеле, Хакими и Курзава беа казнети бидејќи на 24 септември по триумфот против Олимпик Марсеј (4:0), заедно со навивачите пееја навредливи песни упатени кон клубот од Марсеј.

ПСЖ беше казнет и со затворање на трибината на Отеј, каде што се најжестоките навивачи, на два меча, од кои едниот е условен.

ПСЖ излезе со соопштение во кое тврди дека казната за затворање на трибината е „прекумерна мерка“, но и додава дека нема да се жали на одлуката на LFP.

„Клубот жали што Дисциплинската комисија донесе одлука за прекумерна и колективна мерка, која веројатно ќе ја поткопа работата на дијалог и превенција што клубот ја спроведува со здруженијата, институциите и навивачите. Свесен за важноста на борбата и симболиката, клубот нема да се жали“, објави ПСЖ.

ПСЖ моментално е на петтото место во Лиг 1 со 12 бода, два помалку од лидерот Монако.

Тагови
реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Фудбал

Чудо среде Атлантикот: Конференциска лига ќе се игра во најзападната точка на Европа

Read more

Кантона и папата Лав XIV се далечни роднини

Read more

ФФМ ги одреди баражите за пополнување на втората лига

Read more

Вардар и Струга одржаа прес-конференција пред утрешното финале од Купот на Македонија

Read more
 

Спорт

Ферари подготви промена за Монако: Наместо црвена - бела боја

Читај повеќе

Чудо среде Атлантикот: Конференциска лига ќе се игра во најзападната точка на Европа

Читај повеќе

Кантона и папата Лав XIV се далечни роднини

Читај повеќе

ФФМ ги одреди баражите за пополнување на втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга одржаа прес-конференција пред утрешното финале од Купот на Македонија

Читај повеќе

Преседан во НБА: Седум различни шампиони во седум сезони

Читај повеќе

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Читај повеќе

Крај на сезоната за Јокиќ, следен план – пиво!

Читај повеќе

Ноќна „бомба“ од Италија: Клоп се враќа

Читај повеќе