По синоќешната победа над Камару Усман, познатиот УФЦ борач, Хамзат Чимајев, одржа говор кој ја обиколи целата планета.

Чимајев, кој се откажа од Шведска и првпат се појави под знамето на Обединетите Арапски Емирати, по борбата имаше силна порака.
„Знаете што се случува во светот, се убиваат деца! Не е важно каде, во Украина, Сирија, Авганистан, Палестина, САД... Мојот тримесечен син ме чека дома. Знам како е кога плаче и не можам да замислам како е кога ќе умре едно од децата. Иншалах ќе има мир во светот“, рече Чимајев, кој потоа испрати порака до политичарите ширум светот.
„Муслимани, христијани, евреи, не е важно која вера сте. Ве молам, држете се заедно, дозволете ни да ги живееме нашите животи, да бидеме среќни“, рече Чимајев на овации од толпата во Абу Даби.