Чудото од дете на Барселона ги полуде играчите на Тотенхем

Барселона го освои трофејот Жоан Гампер победувајќи го Тотенхем со 4:2 во пријателски натпревар.

Каталонскиот клуб поведе преку Роберт Левандовски во 3. минута, а потоа Англичаните направија пресврт преку Оливер Скип, кој погоди во 24. и 36. минута.

Тотенхем водството го одржуваше до 81. минута.

Барселона израмни преку Феран Торес во 81. минута, а Ансу Фати погоди за нов пресврт во 90-та.

Абде Езалзули во 93. ги постави конечните 4:2.

Во 80. минута Чави го внесе 16-годишниот Ламин Јамал наместо Ерик Гарсиа и на тој начин направи пресврт.

Јамал асистираше до Торес во 81. минута и беше најдобриот поединец на Барселона до крајот на натпреварот.

Тој до крајот на натпреварот учествуваше во останатите голови, а навивачите на Барселона беа воодушевени по неговата игра.

Шпанецот Јамал е по потекло од Мароко и Екваторијална Гвинеја и е „дете на Барселона“. Може да игра како десно крило, полунапред или напред.

URL

Во април, Јамал стана најмладиот играч во историјата кој играл за Барселона. Тој во игра влезе во 83. минута од натпреварот од 32. коло на Ла Лига меѓу Барселона и Бетис (4:0) на 15 години, 9 месеци и 16 дена.

Така, тој го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинес Саги, кој дебитираше за Барселона во 1922 година кога беше два месеца постар од Јамал.

Јамал стана и петтиот најмлад играч во историјата на шпанското првенство.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе