Чулев: Едно лице фатено со две избирачки ливчиња, евидентиран 151 настан поврзан со изборите

Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред сѐ на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше, оцени вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на уставот и на законите.

Притоа како што рече, биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граѓаните со оглед на тоа што овие избори се одржаа во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.

Тој изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.

Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информираше и за одредени неправилности и за мерки кои биле преземени и постапки кои биле покренати.

„Околу изборниот процес, дозволете да информирам дека до 20 часот во текот на денешниот ден беа евидентирани 151 настан од кои 31 не се потврдени најави, додека пак констатирани се 9 прекршоци и тоа 3 по чл 16 лажно пријавување настан, три прекршоци од изборен законик и еден од чл. 4 и чл. 14. Заради расчистување настани приведени се 8 лица од кои 4 за фотографирање гласачко ливче, 3 за сторени прекршоци и едно лице со две гласачки ливчиња“, информираше Чулев и додаде дека по сектори, најмногу нерегуларности биле регистрирани во Струмица - 38 настани, 31 во Скопје и Штип, во Битола 23 настани, во Куманово 14, во Тетово, 6, во Велес 5 и 3 во Охрид.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе