Чулев: Со олабавување на мерките против COVID-19 очекуваме зголемен број на илегални мигранти

Безбедносната состојба на територијата што ја покрива СВР Струмица е поволна, истакна техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев по посетата на граничниот премин Богородица, ОВР Гевгелија и на СВР Струмица.

– Разговаравме за интензивирање на активностите на СВР Струмица во насока на спроведување и мерките и одлуката на Владата поврзани со спречување на ширењето на COVID-19 и беше дадена насока да се интензивираат контролите за носење на заштитни маски, со оглед дека носењето на заштитната лична опрема е поврзано со олабување на идните мерки на Владата. Во таа насока ќе бидат засилени и централните контроли на секторите за внатрешни работи со цел интензивирање на полициските контроли во насока на носење на заштитна лична опрема, рече Чулев.

Тој додаде дека во однос на криминалитетот со олабавување на мерките за заштита од COVID-19 во цел регион на Југоисточна Европа ќе придонесе за интензивирање на илегалната миграција при што повторно ќе бидат активирани криумчарските рути, посебно преку планината Беласица, во насока од кампот Муриес во Грција кон нашата држава.

– Со појавата на COVID-19 имаме драстично намалување на бројот на илегални мигранти, но гледаме раздвижување кај криумчарите на мигранти во овој период, при што има појава на илегална миграција во железнички вагони на граничниот премин Богородица, а во југоисточниот дел на државата очекуваме раздвижување преку планината Беласица што се должи на убавото време сега, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Тој бил информиран дека СВР Струмица покажува добри резултати во откривањето на имотните деликти, а во делот на борбата против наркотици зголемено е присуството на кокаин. Послаби резултати биле забележани во економскиот криминал заради недоволната екипираност на СВР Струмица.

Чулев присуствуваше и на превентивна активност на Отсекот за превенција при СВР Струмица со делење на заштитна опрема-маски и ракавици на граѓаните во Градскиот парк во Струмица.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе