Cizeta-Moroder V16T - италијански суперавтомобил за кој малкумина слушнале

Прототипот Cizeta-Morodor V16T е уникат кој ќе се продава на аукција во јануари и е еден од најинтригантните суперавтомобили кои се појавија во последните неколку децении.

V16T се појави благодарение на инженерот Клаудио Ѕамполи, музичкиот композитор Џорџо Мородор и група поранешни вработени во Lamborghini. Автомобилот е дизајниран од Марчело Гандини, човекот кој стои зад легендарните модели Diablo, Miura и Countach.

Името Cizeta-Morodor е комбинација од Клаудио Ѕамполи и  Џорџо Мородор. Очигледно Morodor доаѓа од презимето на Џорџо, додека Cizeta всушност ги прретставува иницијалите на Клаудио Ѕамполи (C.Z.) согласно италијанската азбука. Така, Ci доаѓа од Claudio бидејќи на италијански буквата C се изговара чи (ci), а zeta е Z од Zampolli чиј изговор е ѕета - Чиѕета.

Сличностите со Diablo се очигледни на предната страна, но остатокот од каросеријата е уникатен и изгледа импресивно. Што се однесува до ознаката V16T, таа го претставува фактот дека автомобилот е придвижуван од 6,0-литарски V16 мотор кој ги користи компонентите на V8 моторот Urrac на Lamborghini. Моторот е поврзан со петстепен мануелен менувач.

Примерокот носи шасија со број 001, а првпат ѝ беше претставен на јавноста на настан во Лос Анџелес на 5 септември 1988 година. Подоцна се појави на саеми во Лос Анџелес и Женева во 1989 година. Се разликува од сериските модели благодарение на голем број уникатни елементи. На пример, има поголеми странични доводи за воздух и уникатен внатрешен дизајн.

Целосната реставрација на автомобилот веќе е направена и ќе се продава на аукција во јануари. Произведени се вкупно 10 модели V16T вклучувајќи го и овој.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе