Црна Гора се надева да стане земја членка на ЕУ за време на овој мандат на ЕК

Брисел, 13 декември 2021 (МИА) – Црна Гора денеска ја одржа втората меѓувладина конференција со ЕУ според новата преговарачка методологија на ЕУ. Подгорица се надева на брзо полноправно членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го изјави денеска црногорскиот министер за економија, Јаков Милатовиќ, кој ја предводеше црногорската делегација на денешната меѓувладина конференција со ЕУ. Милатовиќ изјави дека новата е црногорска Влада „е првата навистина проевропска влада“ во оваа земја.

-Се надевам дека Црна Гора ќе стане членка на ЕУ уште за време на овој мандат на Европската комисија, рече вечерва во Брисел црногорскиот министер.

Мандатот на сегашната Комисија трае до 2024.

На меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Црна Гора денеска главна тема било владеењето на правото.

Еврокомесарот за проширување ја пофали владата во Подгорица за нејзината реформска заложба.

-Владеењето на правото е фокусот кој ќе го одреди целокупниот ритам на преговорите, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји, додавајќи дека оваа област ќе биде приоритет пред да се премине на следната етапа, а тоа е привременото затворање на поглавјата. Денеска, рече Вархеји, дадена и е насока на Црна Гора за оваа цел.

Европската комисија ги повика сите чинители во Црна Гора, власта, парламентот, судството, да ја реализираат заложбата.

Сепак ЕУ предупреди дека на Црна Гора и претстои уште работа во поглавјата 23 и 24 посветени на правдата и владеењето на правото.

-Би ги издвоил медиумската слобода и слободата на изразување, има детаљна агенда што треба да се исполни, а има важни точки, и судството за кое ни е потребно законодавство и дела за назначувањата, разбираме дека не е само до владата, дека парламентот треба да даде поддршка, треба владата да стави реформи на маса во целосна согласност со правото на ЕУ, изјави Вархеји.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе