Црвен аларм: Кога флертот преминува во нешто посериозно?

Невиниот и наивен флерт може за миг да премине во нешто посериозно, а границата е толку тенка што некои луѓе несвесно ја преминуваат.

Психологот Сузан Краус Витборн открива кога флертот преминува во нешто посериозно и кога треба да повлечете „рачна кочница“.

Ако одбегнувате да му кажете на партнерот дека сте флертувале со друга личност, треба да се прашате која е вашата причина за тој молк. Или флертот не ви значел ништо или се плашите од реакцијата на партнерот бидејќи сте ја преминале границата на наивен флерт, што не е во ред кога сте во сериозна врска.

Ако долго време флертувате со некој со кој често се гледате, тоа не е проблем сѐ додека тоа се обични шеги и погледи. Но, ако сте почнале да се потпирате на таа личност за емотивна потпора и од неа барате поддршка, а тоа не го барате од партнерот, тогаш е многу веројатно дека сте преминале во „емотивно изневерување“.

Емотивното изневерување е всушност откривање на одредени работи на личноста со која флертувате, а уште не сте му ги откриле на партнерот.

„Често се случува да ве привлече друга личност, но тоа не значи дека врската ви е во криза. Тогаш може само да се прашате што добивате од личноста со која флертувате, а не можете да го добиете од партнерот и дали тоа навистина вреди да ја ризикувате врската“, вели Витборн.

Многу е важно да се биде свесен за себе и своето однесување ако веќе претходно сте биле познати како некој кој често флертува и не може да го посвети вниманието само на една личност. Во тој случај треба да бидете искрени и да не се впуштате во сериозни врски за да не ја повредите личноста која сериозно вложува време и емоции во вас.

Ако со личноста со која флертувате веќе имате интерни шеги што никој друг не ги разбира, тоа би можело да ѝ наштети на вашата врска.

„Замислете да сте во друштво на партнерот и на личноста со која флертувате и со неа да споделувате интерни шеги. Тоа може да ги повреди чувствата на вашиот партнер кој ќе се почувствува изолирано, а можеби и понижено“, вели Витборн.

„Краен стадиум“ е кога почнувате да размислувате за личноста со која флертувате додека сте со партнерот. Тоа е веќе знак дека почнале да се развиваат чувства кон личноста со која флертувате.

Кога ќе ја преминете границата, не се преправајте дека ништо не се случило. Признајте си дека сте се затрескале/заљубиле и размислете дали би имале иднина со таа личност. Не заборавајте дека можно е за личноста со која флертувате вие да сте само флерт и ништо повеќе и можно е вашите чувства да не бидат возвратени.

реклама

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе