Дали бункерот на шефот на Коза ностра ќе ги открие тајните на сицилијанската мафија?

Италијанската воена полиција вчера пронашла таен бункер за кој се верува дека го користел Матео Месина Денаро, најбараниот италијански мафијаш, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство.

Бункерот се наоѓа во Кампобело ди Мазара, мало гратче на Сицилија каде 60-годишниот Денаро живеел во стан.

Инспекторите го пребаруваат бункерот за документи кои биле во сопственост на Денаро, особено тајната архива на „капо ди тути капи“ на сицилијанската мафија, Тото Риина, кој почина во 2017 година. Според некои доушници од мафијашки кругови, Денаро украл документи кои наводно содржат тајни за мафијашки убиства во последните 40 години, пишува The Guardian.

Обвинителите веруваат дека Денаро има информации за некои од најгрозоморните злосторства извршени од сицилијанската мафија, вклучително и бомбашките напади во кои загинаа судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино и убиството на Џузепе ди Матео, 12-годишниот син на мафијаш кој беше задавен и растворени во киселина.

Во 2002 година, Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за убиство, тортура, киднапирање, бомбашки напади, перење пари и трговија со дрога. Денаро е познат по прекарот Диаболик или У Сику (Слабиот), а е роден во Кастелветрано, Сицилија во 1962 година. Неговиот татко беше моќен шеф на Коза ностра и Денаро напредуваше во семејниот бизнис градејќи илегална империја вредна милијарди евра.

Remote video URL

Сè уште не е позната функцијата на бункерот

Мафијашките босови во Италија се познати по тоа што градат тунели за бегство под нивните куќи, софистицирани бункери во планините до кои може да се стигне само пеш и скривалишта во шумата кои ги користат кога се во бегство.

Функцијата и големината на бункерот во Кампобело ди Мазара уште не се целосно познати. Да потсетиме, Денаро беше уапсен во понеделникот во клиника во Палермо, каде што се лекувал од тумор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе