Дали Чарлс е последниот британски крал?

Младите генерации кои треба во него да го видат она што нивните родители, баби и дедовци го гледаа во Елизабета, за Чарлс знаат главно она што го виделе во серијата „The Crown“ на Netflix.

 

Знаат дека неговиот живот е обележан со љубовниот триаголник и трагичната смрт на обожуваната принцеза Дијана.

Според The Washington Post, кралот е далеку помалку популарен од неговата мајка и, мора да ја обезбеди иднината на Домот на Виндзор без да го доведе во прашање опстанокот на монархијата.

Весникот смета дека му претстојат тешки времиња на кралот, поставувајќи го прашањето што еднаш го изговори неговата поранешна сопруга Дијана: „Може ли тој да биде крал на срцата на луѓето?“

 

Според многумина, смртта на Елизабета II го означи почетокот на крајот на врската со британската монархија која таа ја изгради и зачува цели 70 години. Новата химна вели дека „Бог го штити кралот“, но - дали Британците ќе го заштитат?

Невозможно е да се игнорираат оние што носат транспаренти на улиците: „Тој не е мој крал“, „Укинете ја монархијата“.

Тој го носи товарот на славата и недостижната харизма на својата мајка, факт што најверојатно повеќе му се допаѓа на неговиот постар син Вилијам. Чарлс со децении го носеше неблагодарниот епитет на крал во чекање.

За Чарлс III важен е балансот меѓу модернизацијата и одржување на прастарата мистика на кралството. Од самиот почеток, тој се претставува помалку недостижен од својата мајка и, покажува малку повеќе емиции за својата улога.

Според The New York Times, Чарлс ја изгради својата империја пред да го наследи кралството. Својот имот, познат како Војводството Корнвол, го претвори во најпрофитабилен семеен бизнис со помош на голем тим менаџери.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Живот

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Сите заедно ќе трчаме за Кочани!

Read more

Како да препознаете дека мачката ве избегнува и покажува незадоволство?

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more
 

Магазин

Која храна може да го намали ризикот од мозочен удар?

Читај повеќе

Знаци дека на вашата врска ѝ се ближи крајот

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Читај повеќе

Наједноставната дневна рутина за согорување масти

Читај повеќе

На која возраст ги чувствуваме последиците од пушењето и пиењето?

Читај повеќе

Сите заедно ќе трчаме за Кочани!

Читај повеќе

Како да препознаете дека мачката ве избегнува и покажува незадоволство?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешко во тоскански стил

Читај повеќе

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Читај повеќе