Дали да силуваш и да се фалиш со тоа е вредноста која ја бранат и промовираат Латас и Лазаров?

Платформата за родова еднаквост излезе со реакција за содржината на поткастот на Стефан Лазаров во кој гостува Драган Павловиќ- Латас, како и нивните изјави по реакциите од пошироката јавност.

„Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15-годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас“, велат од Платформата.

Емисијата, снимена со пренос во живо на 14.02.2023, на социјалната видео платформа Јутуб, бележеше над 125 илјади прегледи во изминатите 5 дена.

Од Платформа за родова еднаквост сметаат дека големиот број на прегледи на оваа емисија влијае на јавното мислење, особено кај младите луѓе кои лесно можат да дојдат до заклучок дека „шамарање на девојка“, според изјавата на Латас и Лазаров, пред сексуален однос е сосема нормално однесување на момчињата и притоа не сносат никаква одговорност ниту последица за ваквиот чин. Иако во описот на поткастот се наведени правила дека не се дозволени говор на омраза и расизам, оваа емисија содржи токму ваков наратив.

„Затоа, како членки на Платформата бараме подкастот да биде избришан од оваа видео-социјална платформа и да се прекине со емитување на овој проблематичен поткаст. Од она што јавноста го посведочи, јасно е дека Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров се поддржувачи на насилното однесување и омаловажување на жените во сексуалните односи. Тие ги користат своите платформи за промовирање и нормализирање на насилството врз жените. Бидејќи се претставуваат како застапници за зачувување на ‘традиционалните вредности’, ги прашуваме Латас и Лазаров дали да силуваш и да се фалиш со тоа е вредноста која ја бранат и промовираат?!“, реагираат тие и додаваат дека ја поздравуваат реакцијата на Секторот за компјутерски криминал при МВР со доставата на известување до Основното јавно обвинителство – Скопје по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас.

„Бараме Обвинителството да постапи во законски рок и да поднесе обвинителен акт за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Апелираме до приватниот сектор кој го поддржува Стефан Лазаров и ги користи неговите услуги за рекламирање, да ја прекине соработката со него. Во спротивно, со нивната поддршка кон овој поткаст поддржуваат и овозможуваат ширење на мизогинија, родово засновано насилство, расизам и говор на омраза. Дополнително, во време кога во борбата против насилството врз жените, меѓу другото, е неопходно и подигање на јавната свест, јавните личности имаат посебна одговорност во справувањето со оваа реторика и промовирање на позитивни вредности кои ќе придонесат кон искоренување на насилството, а не кон негово промовирање“, децидни се од Платформата за родова еднаквост.

Клубот на пратенички против говорот на омраза и родово базирано насилство

Клубот на пратенички oстро ги осудува сите форми на говор на омраза, родова дискриминација, сексизам, антисемитизам, омаловажување и други форми на насилство кои што во последно време се најмногу распространети на интернет просторот.

Затоа пратеничките ќе иницираат јавна расправа во Собранието со цел да се понудат решенија како во иднина да се превенираат слични случаи посебно во јавниот простор и со тоа да се поттикне поголема општествена одговорност на креаторите на јавното мислење.

Во таа насока, подготвени сме да иницираме и законски решенија за регулирање на интернет просторот, така што нема да се ограничи слободата на говор, туку ќе се подигне нивото на општествена свест и одговорност, стои во соопштението од Клубот на пратенички.

ХЕРА: На оваа култура мора да ѝ се стави крај

„Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците“, реагираат и од ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

„Таа култура им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како ‘вистински мажи’ и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да ѝ се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово-заснованото насилство“, стои во нивната објава на социјалните медиуми.

📢 Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров во кое неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку...

Posted by HERA on Monday, February 20, 2023
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе