Дали е добро да се загрева кафето по варењето?

Дали сте од оние луѓе кои забораваат на кафето, па потоа повторно го загреваат? Или варите премногу кафе одеднаш и мора повторно да го загреете за да го допиете подоцна? Еве го одговорот на прашањето дали е навистина добро повторното топлење.

Имено, многумина ќе ви кажат дека не е добро да се загрева кафето бидејќи вкусот може да се промени, а потенцијално може да ја намали содржината на кофеин.

Кристофер Хендон, доцент по хемија на пресметковни материјали на Универзитетот во Орегон, детално одговара на прашањето дали е добро да се загрее кафето. Имено, овој пијалак се состои од голем број различни киселини извлечени од зрната кафе, вклучувајќи ја и кининската киселина која дава горчлив вкус. Кафето е исто така полно со различни соединенија како што се карбонил, сулфур алицикличен ароматичен бензеноид и разни хетероциклични соединенија.

Покрај тоа, кавакот е полн со кофеин кој исто така придонесува за горчината што ја има овој пијалак.

Што се случува со сите овие супстанции и соединенија кога кафето се загрева?

Хендон истакнува дека кофеинот не е многу реактивен. „Тоа е прилично стабилна органска молекула“.

Единствениот вистински начин да се изгуби кофеинот од кафето би бил преку процесот на сублимација, при што супстанцијата која е во цврста состојба испарува, а за тоа се потребни екстремни температури (повеќе од 170°C).

Сепак, тој наведува дека може да разбере дека некои луѓе чувствуваат дека загреаната шолја кафе има помалку кофеин. Овој впечаток го припишува на плацебо ефектот, наведувајќи дека првата шолја кафе во денот едноставно поинаку влијае на нас.

„Но, иако нивото на кофеин во вашето кафе останува стабилно, тоа не значи дека вашето кафе ќе остане непроменето по повторното загревање“, вели Хендон.

Како и секоја свежа храна, кафето се расипува колку подолго седи, а повторното загревање го забрзува овој процес бидејќи испарливите соединенија кои му даваат вкус побрзо се ослободуваат.

Значи, можно е вашата шолја кафе да има полош вкус откако ќе се загрее, но можете да го пиете без да се грижите бидејќи нема ништо опасно во тоа, заклучува Хендон, пренесува Inverse.

Ако сте склони да го загревате кафето, подобро е тоа да го правите во микробранова наместо на шпорет, бидејќи така ќе го скратите времето во кое испарливите соединенија се ослободуваат.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе