Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Има неколку знаци кои јасно укажуваат дека вашето дете има проблеми со видот.

На пример, ако замижува во едното око или се навалува над книгата додека чита, време е да посетите офталмолог.

„Многу родители мислат дека детето не треба да ги проверува очите бидејќи не покажува знаци на проблеми. Но, тоа не е точно. Важно е детето да прави редовни очни прегледи уште од најрана возраст“, предупредува офталмологот Џајлс Едмондс за The Sun.

Лошиот вид може да предизвика проблеми со учењето и однесувањето.

„Состојбите како што се амблиопијата (мрзливо око) може да се третираат поефикасно ако се откријат рано. Конечно, тестот за очи не само што го проверува видот туку може да открие и други основни здравствени состојби“, додава докторот.

Родителите како симптоми кои најчесто ги гледаат кај децата го спомнуваат седењето премногу блиску до телевизорот, држењето книга премногу блиску до лицето и честите главоболки, а кои се јасен знак дека детето има проблеми со видот.

Осум знаци дека детето може да има проблеми со видот:

триење на очите

полоши вештини за читање

напрегање/слабовидност

главоболки

навалување на главата

седење премногу блиску до телевизорот

затворање на едното око

детето седи во првата клупа.

Просечната возраст на која родителите за прв пат го носат своето дете на очен преглед е шест години и покрај препораката дека тоа треба да биде околу четири години, кога на сите деца им се испраќа покана за преглед на слаб вид.

реклама

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Силувана малолетничка во Скопско

Read more

Живот

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Read more

Која храна е подобра замрзната отколку свежа?

Read more
 

Магазин

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Читај повеќе

7 совети како да ослабите за 7 дена

Читај повеќе

3 навики во исхраната што го зголемуваат ризикот од дијабетес

Читај повеќе

Која храна е подобра замрзната отколку свежа?

Читај повеќе