Дали ЕУ е пред радикални промени во врска со проширувањето?

Европската Унија мора радикално да го промени својот систем на одлучување и финансирање, така што 27-члениот блок ќе биде подготвен да се прошири во нови земји до 2030 година, според експертската анализа нарачана од владите на Франција и Германија.

Во моментов, осум земји имаат кандидатски статус - Турција, Украина, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија - а Грузија и Косово се потенцијални кандидати.

„Од геополитички причини, проширувањето зазема високо место на политичката агенда на Европската унија, која, сепак, се уште не е институционално или политички подготвена за тоа“, се вели во извештајот, кој во вторникот беше претставен пред министрите во Брисел.

Во документот, во кој се наведува дека тоа не треба да се гледа како став на Париз и Берлин, се наведува дека ЕУ треба да одлучува со квалификувано мнозинство наместо едногласно во некои области.

„Институциите и механизмите за одлучување не беа дизајнирани за група од 37 земји-членки и всушност го отежнуваат процесот на одлучување денес, кога одлуките за управување со кризи ги носат блок од 27 земји“, сметаат експертите.

Едногласното одлучување е пропишано за прашања од надворешната и безбедносната и даночната политика, во финансирањето на ЕУ, во некои области на правдата и внатрешната политика и социјалната сигурност и заштита.

Доколку се смени законот, ќе следуваат измени на договорите на ЕУ, за кои ќе биде потребно едногласност

Некои влади и експерти веќе го критикуваа овој императив за едногласност, оценувајќи дека тој во голема мера го успорува, па дури и го блокира развојот на Унијата, бидејќи сите одлуки во споменатите области мора да се сведат на најмал заеднички именител.

Од друга страна, доколку тој закон се смени, ќе треба да се донесат амандмани на договорите на ЕУ, што би бил долг и тежок процес кој сам по себе би барал едногласност.

Понатаму, експертите повикуваат на зајакнување на условите владите на земјите-членки да мора да го почитуваат владеењето на правото и европските вредности за да имаат право на пари од фондовите на ЕУ. Оваа препорака треба да се гледа во контекст на фактот дека Брисел со години се бори со националистичките и авторитарни влади на Полска и Унгарија.

Четири нивоа на европска интеграција

Документот бара ЕУ да ги измени своите договори за да дозволи издавање обврзници и да го скрати буџетскиот циклус од сегашните седум на пет години за Европската комисија и Европскиот парламент.

Буџетот, кој сега изнесува околу 1 процент од бруто националниот доход, треба да се зголеми за да се задоволат барањата на се поголемиот број задачи со кои ЕУ се занимава како блок и постојано да им се доделуваат нови извори на приходи.

Конечно, експертите заклучуваат дека на некои членки на ЕУ треба да им се дозволи поблиска соработка меѓу себе, што би создало четири нивоа на европска интеграција. Најдлабоката интеграција би била внатрешен круг сличен на еврозоната користејќи единствена валута и пасош за Шенген зоната.

Европската политичка заедница

Второто ниво би било самата ЕУ, а поширокиот круг би се состоел од придружни членки кои би учествувале на единствениот пазар на ЕУ за стоки и услуги и би дејствувале според заедничките принципи на ЕУ.

Конечно, ќе има Европска политичка заедница, форум предложен од Франција и започнат минатата година, како надворешно ниво на политичка соработка кое не е обврзано со правото на ЕУ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе