Дали може да се замрзне јадење зготвено од замрзната храна?

Прашање е дали после тоа е паметно да се замрзне таа храна, бидејќи содржи состојки кои претходно некое време поминале во замрзнувач, а потоа биле одмрзнати.

Она што е важно да се знае, а кога станува збор за чување храна, е дека остатоците, откако ќе завршите со ручекот, треба да се стават во фрижидер во рок од два часа, а да се изедат во рок од два дена.

Исто така, важно е да се одржува температурата на фрижидерот на 5 степени Целзиусови, или пониска, како и редовно да се проветрува фрижидерот за да биде хигиенски исправен и во добра работна состојба.

Скоро сè од храна може да се замрзне, вклучително и јогурт, сирење (освен мекото сирење, бидејќи процесот на замрзнување влијае на текстурата), млеко, риба, јајца (дури и варени јајца). Ставете ја храната во херметички сад или добро завиткајте ја во кеси за замрзнување пред да ја ставите во замрзнувач, во спротивно студениот воздух ќе ја исуши.

Замрзнете ги бананите така што ќе ги излупите и завиткате или ставете ги во херметички затворен сад пред да ги замрзнете. Сè што има висока содржина на вода, како што се јагодите и доматите, ќе биде меко, но сепак добро за готвење.

Јајцата најдобро се чуваат во фрижидер бидејќи се чуваат на константна температура, но можете и да ги замрзнете. Постојат два начини за замрзнување на јајцата: скршете го јајцето и одвојте ги жолчките од белките во посебни пластични садови или кеси за храна пред да ги замрзнете. Можете исто така да ги скршите јајцата и да ги изматите - тие ќе бидат одлични за омлети и кајгана. Вареното јајце можете безбедно да го чувате во фрижидер неколку дена. Варените јајца исто така може да се замрзнат.

Ставете го датумот и означете го месото во замрзнувачот. По одмрзнувањето, користете го во рок од 24 часа. Месото можете да го замрзнувате долго време - сепак ќе биде безбедно за јадење, но квалитетот ќе се влоши, па затоа најдобро е да го јадете во рок од 3 до 6 месеци. Не грижете се ако е замрзнато долго време - обидете се да го маринирате пред да готвите за да ја подобрите текстурата или користете билки и зачини за да додадете вкус.

Никогаш не замрзнувајте повторно сирово месо (вклучително и живина) или одмрзната риба. Можете да готвите замрзнато месо и риба кога ќе се одмрзнат, а потоа повторно да ги замрзнете.

Замрзнатата сирова храна може да се одмрзне еднаш и да се чува во фрижидер до 24 часа. Во тој рок треба да се зготват или да се фрлат.

Кога се одмрзнува, складираната храна треба да се загрева само еднаш, бидејќи колку повеќе пати ја ладите и подгревате храната, толку е поголем ризикот од труење. Готвената храна што е замрзната и извадена од замрзнувачот треба повторно да се загрее и јаде во рок од 24 часа по целосното одмрзнување. За да ја намалите загубата, поделете го оброкот на делови, пред да го замрзнете, а потоа одмрзнете го само онолку колку што ви треба.

Избегнувајте да ставате отворени лимени конзерви во фрижидер, бидејќи храната во нив може да добие „метален“ вкус.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе