Велосипедистите кои возеле велосипед на празен стомак согореле двојно повеќе маснотии за разлика од оние кои испиле протеински напиток пред тренингот.
Вежбањето на празен желудник може да ги зголеми придобивките за здравјето, пишува New York Times.
Студијата утврди дека резултатите од физичкиот тренинг зависат од тоа кога јадете и колку јадете.
Познато е дека каков било вид на тренинг е добар за нашето здравје. Но, најновото истражување покажува дека луѓето реагираат поинаку на различен вид на вежби. Дури и кога сите би правеле исти вежби, некои од нив ќе слабеат побргу и повеќе и ќе воспостават контрола на шеќерот во крвта.
Повеќето научници веруваат дека нашата генетика, начинот на исхрана, физичката подготвеност, карактерот и други аспекти од животот дејствуваат заедно и од сето тоа зависи како нашето тело реагира на физичкиот тренинг.
Но, некои научници се сомневаат дека времето на оброк исто така игра голема улога. На мускулите им треба храна, најчесто во облик на шеќери или масти. Изворот на тоа гориво може да биде нашиот последен оброк од кој шеќерите и мастите стигнуваат во крвотокот.
Научниците во ова истражување ги поделиле испитаниците во две групи. Едната група пред вежбање испила шејк, а другата испила некој напиток кој наликува на шејк, но нема калории. Некои од испитаниците, не знаеле дека вежбале на празен стомак.
По вежбањето, секој испитаник добил спротивен напиток од оној кој го испил пред вежбањето. Овој програм траел шест недели.
Како што се очекувало, оние коишто биле физички активни изгубиле калории, а оние коишто внимавале на исхраната а не вежбале, немале резултати.
Утврдено е дека оние коишто возеле велосипед на празен стомак потрошиле двојно повеќе масни залихи од оние кои испиле калоричен напиток пред вежбање.
Кај овие луѓе се забележало и подобрување на нивото на шеќер во крвта.
Резултатите сугерираат дека ќе постигнете резултати доколку јадете пред вежбањето.
Истражувањето е објавено во списанието Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism.