Дали вода треба да се пие пред или после кафето?

Од дамнина е обичај кога се послужува кафе тоа се прави со локум, коцка шеќер или орев, но со текот на времето оревот се изгуби. Сепак, се смета за непишано правило дека кога ќе послужите кафе, на гостинот му носите и чаша вода.

Дали треба водата да се испие пред или после кафето? Или да се пивнува по некоја голтка малку по малку, една по друга?

Експертите тврдат дека најдобро е прво да се напиете барем малку вода, за да ја исплакнете устата од сѐ што можеби сте јаделе или пиеле претходно. На тој начин ќе се освежи непцето и ќе биде подготвено за да уживате во црниот пијалак. Исто така, не е вообичаено да пиете вода и кафе наизменично, освен ако тоа не е вашиот вообичаен утрински ритуал дома или на работа, кога пиете долго кафе од голема шолја.

Кога сте на гости и ве послужуваат со обично, мало кафе, пред тоа мора да се напиете вода. Единствен исклучок е ако кафето не ви се допаднало, па сакате што побрзо да го елиминирате неговиот вкус. Во тој случај по кафето се пие вода. Но, внимавајте несвесно да не ја навредите домаќинката - ако навистина треба да пиете вода после кафето, направете го тоа да не забележи или најдете некој мал изговор.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе