Дали знаете што ви сигнализира автомобилот кога ќе светнат алармите?

Многу возачи немаат поим што значи кога ќе се запалат овие светла во автомобилот.

Скоро една третина од американските возачи не се сигурни дека можат да ги препознаат предупредувачките знаци на контролната табла на нивните автомобили, а околу една четвртина од нив би продолжиле да возат откако ќе се запали светлото со надеж дека проблемот ќе исчезне сам по себе, според неодамнешна анкета нарачана од производител на автомобилски седишта.

Студијата побарала од 2.000 возачи да идентификуваат серија на предупредувачки симболи на контролната табла. Откри дека помалку од 40% од возачите се чувствуваат „прилично сигурни“ во нивната способност да ги препознаат симболите, пишува USA Today.

Околу половина од возачите изјавиле дека се збунети од симболите на контролната табла на нивниот автомобил, а уште 20% не биле сосема сигурни што значат.

Контролните табли на автомобилите станаа посложени бидејќи содржат сè повеќе информации. Сепак, истражувањето сугерира дека познавањето на контролната табла на возачите не е во чекор со напредокот во автомобилската технологија, според Diono, компанијата која ја нарача студијата. Возачите беа анкетирани за да се утврди колку добро ги препознаваат и реагираат на предупредувачките симболи, вели Journo Research, кој го спроведе истражувањето.

Несигурноста околу препознавањето што значи одредено предупредување на контролната табла може да предизвика несреќи, тврди Diono. Ако возачите ги игнорираат предупредувањата и изберат да продолжат да возат, тоа може да доведе до повеќе оштетени и искршени возила.

„Ако се запали предупредувачко светло, не го игнорирајте“, изјави извршниот директор на Dion, Тим Моле.

„Ако не знаете што значи тоа, погледнете во упатството за сопственикот на вашето возило или фотографирајте со вашиот мобилен телефон и побарајте го на Google или ChatGPT.

Еве што одговориле анкетираните возачи на прашањето што значи секое светло во автомобилот.

Предупредување за дефект на моторот

63 проценти од возачите препознале дека се работи за предупредување за дефект на моторот. 17 отсто мислат дека ова е предупредување дека треба да ги проверат алатите во автомобилот, 14 отсто мислат дека е грешка во GPS конекцијата, додека 6 отсто мислат дека тоа значи дека има паркинг во близина.

Предупредување за притисок во гумите

72 отсто од возачите признаваат дека тоа е предупредување за низок притисок во гумите. 14 проценти сметаат дека ова е предупредување дека треба да застанат и да јадат нешто, 7 проценти сметаат дека е предупредување дека багажникот им е премногу тежок, додека 7 проценти сметаат дека тоа е предупредување дека треба да успорат, односно да ја тргнат ногата од педалата за гас.

Црвено предупредување за масло

Само 65 проценти од возачите признаваат дека тоа е предупредување дека маслото треба да се дополни. 18 проценти веруваат дека итно треба да ја наполнат течноста за миење на шофершајбната, 12 проценти дека треба да го наполнат резервоарот и 5 проценти дека треба да ја долеат вода.

Предупредување за проблем со сопирачките

80 отсто од анкетираните возачи препознаваат дека тоа е предупредување за проблем со сопирачките. 18 проценти сметаат дека тоа е предупредување за претстојна опасност, додека 2 проценти сметаат дека тоа е предупредување дека резервоарот за гориво е речиси празен.

Предупредување за отворена хауба

71 процент од возачите препознаваат дека тоа е предупредување дека хаубата е оставена отворена. 17 отсто мислат дека се работи за дефект на бришачот, 7 отсто мислат дека има нешто неочекувано под хаубата, а 4 отсто мислат дека тоа е предупредување дека ветробранското стакло е лабаво или не е правилно поставено.

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Авто новости

Колку сте заштитени во автомобилот во случај на удар на гром?

Read more

Што да направите кога автомобилот ќе почне да тоне во вода?

Read more

Германска анализа: Каде е навистина најбезбедно да се седи во автомобилот?

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more
 

Автомобили

Колку сте заштитени во автомобилот во случај на удар на гром?

Читај повеќе

Што да направите кога автомобилот ќе почне да тоне во вода?

Читај повеќе

Германска анализа: Каде е навистина најбезбедно да се седи во автомобилот?

Читај повеќе

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Читај повеќе

Tesla ги намалува цените, а продажбата продолжува да паѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Land Rover го претстави најмоќниот Defender досега

Читај повеќе

Дали знаете што ви сигнализира автомобилот кога ќе светнат алармите?

Читај повеќе

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Koenigsegg Jesko постави четири светски брзински рекорди

Читај повеќе