Land Rover го претстави најмоќниот Defender досега

Зад името OCTA се крие Defender кој од место до стотка достигнува за 4 секунди и развива електронски ограничени 250 км/ч.

Defender OCTA може да се гледа како одговор на Land Rover за најмоќната Г-класа на Mercedes, а големата британска „кутија“ наместо претходната 5-литарска V8 опција (525 КС) сега е придвижувана од 4,4-литарскиот V8 мотор на BMW поддржан од благ хибриден систем, така што возачот може да смета на 635 коњи и 800 Nm максимален вртежен момент, кој се дистрибуира на двете оски преку 8-брзински автоматски менувач.

Во Land Rover многу се потрудија околу шасијата, системот за управување и адаптивната суспензија, која е прилагодена на споменатиот потенцијал на моторот, па досега најмоќниот Defender може да се пофали со минимално надолжно и попречно навалување на каросеријата во динамичен ритам на асфалтните површини, во што помогнаа и пошироката патека 22-инчни тркала под продолжените браници, зад кои се кријат сопирачките „потпишани“ од Brembo.

Remote video URL

Далеку од асфалтот, на специјално развиени опционални гуми од 20 инчи за сите терени (Goodyear Advance All-Terrain), најмоќниот Defender лесно го оправдува тоа што со децении се смета за еден од најдобрите теренски автомобили на сите времиња. Одлично се снаоѓа на различни површини и безболно поминува низ вода длабока до 100 сантиметри, а дополнителното растојание помеѓу подот и тлото, заедно со редизајнираните елементи на предниот и задниот крај на каросеријата, обезбедува уште поповолен агол на пристап/поаѓање.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Во богато опремената, пространа и обложена со кожа кабина, која се нуди во неколку бои, се издвојуваат посебни и дополнително профилирани предни седишта со интегрирани потпирачи за глава, а верзијата OCTA со која во понудата одат две нови бои на каросеријата, однадвор се препознава по црниот покрив и црната петта врата.

Remote video URL

Land Rover за прв пат пред јавноста ќе го претстави најмоќниот Defender на Фестивалот на брзината во Гудвуд, кој започнува на 11 јули, а за првото издание (Edition One) треба да се издвојат нешто повеќе од 156.000 евра.

Тагови
реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Авто новости

Колку сте заштитени во автомобилот во случај на удар на гром?

Read more

Што да направите кога автомобилот ќе почне да тоне во вода?

Read more

Германска анализа: Каде е навистина најбезбедно да се седи во автомобилот?

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more
 

Автомобили

Колку сте заштитени во автомобилот во случај на удар на гром?

Читај повеќе

Што да направите кога автомобилот ќе почне да тоне во вода?

Читај повеќе

Германска анализа: Каде е навистина најбезбедно да се седи во автомобилот?

Читај повеќе

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Читај повеќе

Tesla ги намалува цените, а продажбата продолжува да паѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Land Rover го претстави најмоќниот Defender досега

Читај повеќе

Дали знаете што ви сигнализира автомобилот кога ќе светнат алармите?

Читај повеќе

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Koenigsegg Jesko постави четири светски брзински рекорди

Читај повеќе