Несекојдневна сцена се случила на бензинска пумпа во Каштела, недалеку од Сплит во Далмација.

Непозната жена по враќање од плажа одлучила да се истуширала на бензинска пумпа, на место означено за пумпање гуми со поставена таблата „воздух-вода“.
Видеото стана вирално на Facebook, а го објави страницата Dalmatinska generacija. Снимката многумина ги насмеа и ги натера да остават и бројни досетливи коментари, позитивни и негативни.
„Одлична идеја“, „Богами, жената си се снашла“, „Важно е што нашла туш“, „Нема нешто што бензинските пумпи не го нудат“, „Хигиената е половина здравје“, „Добро е што не зела црево од супер 95“, „Туширање 3 евра“, се само дел од многуте коментари под видеото.