Милвоки Бакс донесоа уште едно добро познато име во својот тим. Нов играч на франшизата од Висконсин стана искусниот Италијанец Данило Галинари.

Актуелната сезона е 14-та за Галинари во НБА. Сезонава одигра 32 натпревара за Вашингтон Визардс (36) и Детроит Пистонс (6), со просек од 7,3 поени и 2,8 скока за околу 15 минути по натпревар.
Поранешниот играч на Њујорк Никс, Денвер Нагетс, Лос Анџелес Клиперс, Оклахома Сити Тандер и Атланта Хокс има одиграно 760 натпревари во НБА со просек од 15,2 поени, 4,7 скока и 1,9 асистенции.
Тој беше драфтуван од Њујорк Никс како шести пик во 2008 година, а дојде од миланска Олимпија.