Данска и Шведска се согласни дека Северен поток е намерно кренат во воздух

Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот Северен поток минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмо упатено до Советот за безбедност на ОН.

Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека гасодоводите преку кои се пренесувал природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не е кажано кој би можел да биде одговорен, пренесуваат светските агенции.

Во ова известување се наведува дека истрагите сѐ уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи.

Советот за безбедност на ОН денеска се состанува за да разговара за таа саботажа, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади на гасоводи. Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и оценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа.

Во Германија, федералниот обвинител покрена кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа според член 88 од Кривичниот законик, се наведува во писмото.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе