ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Дарко Чурлинов ќе го враќа Шалке 04 во Бундеслигата

Филип Здравески
/ 18.08.2021 / 14:22

Македонскиот репрезентативец оди на позајмица во потрага по поголема минутажа и тоа во заспаниот џин Шалке 04.

Тимот од Гелзенкирхен денеска потврди дека Дарко Чурлинов е ново засилување за тимот кој лани испадна од Бундеслигата и оваа сезона ќе проба да се врати назад во елитата.

„Дарко е напаѓач кој може да игра на разни позиции и на противничките дефанзивци знае да им да го загрози животот со неговата брзина и дриблинг еден на еден. Има способност да создава опасност со неговите длабоки втрчувања зад одбраната, знае да постигнува голови и игра со двете нозе. Неговиот стил на игра одлично се вклупува во нашиот тим и многу сме задоволни што го остваривме овој трансфер“, рече спортскиот директор на клубот, Роувен Шредер.

URL

Чурлинов ќе настапува како позјамен играч во тековнава сезона и ќе го носи дресот со бројот 7. Двата тима се договориле деталите од трансферот да не се објавуваат јавно.

„Среќен сум што овој трансфер се оствари. Разговорите со клубот одеа добро, што мојата одлука ја направи лесна. Како тим имаме многу што да постигнеме и сакам да дадам мој придонес во тоа“, се првите зборови на Дарко како играч на Шалке 04.

Дарко во Германија е од 2015 кога ѝ се приклучи на акдемијата на Ханза од Росток кога имаше 14 години. Претходно настапуваше во младинските категории на Работнички и Вардар. После една сезона во Ханза се пресели во Магдебург каде исто така се задржа една сезона, а потоа замина во Келн, тим со кој го имаше своето деби во Бундеслигата. Во јануари лани прво замина на позајмица во Штутгарт кој потоа и целосно го откупи од Келн. За Штутгарт го постигна и својот прв гол во 2.Бундеслига.

Чурлинов беше дел од репрезентацијата на Македонија која настапи на ЕУРО 2020, а претходно исто така беше дел и од репрезентацијата до 21 година која играше на младинското ЕУРО 2017 во Полска. Досега има 5 настапи за сениорската репрезентација за која е и најмлад дебитант (16 години, 8 месеци и 17 дена на пријателска со Белорусија во 2017). Се очекува да биде на списокот и на новиот селектор Благоја Милевски за претстојните септемвриски мундијалски квалификации.

Шалке 04 е седумкратен германски шампион (последен пат во 1958) и петкратен освојувач на ДФБ купот (последен пат во 2011) и важи за еден од најбогатите и најстабилните клубови во Германија. Но, ланската лоша сезона направи првпат по точно 30 години да испадне во втората лига. По три кола во 2.Бундеслига новиот тим на Дарко има скор од победа, реми и пораз.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе