Де Бур им се извини на фудбалерките

Холандскиот тренер се извини објаснувајќи дека направил лош избор на зборови кога коментираше дека фудбалерките не треба да имаат исти плати како и мажите.

Франк де Бур, кој моментално го тренира тимот на Атланта Јунајтед, завчера изјави дека би било глупост доколку фудбалерките земаат исти плати како и фудбалерите, но тврди дека бил сфатен погрешно.

„Би сакал да ја објаснам мојата изјава дадена за Guardian. Земена во целост, мојата изјава е дека целосно го подджувам женскиот фудбал и се радувам на тоа како се развива низ светот и тука кај нас. Кога станува збор за економскиот фактор, верувам дека како што ќе се зголемува популарноста така ќе се зголемува и профитот па и платите на женските играчи ќе растат. Тоа е нешто што сите сакаме да го видиме. Горд сум што сум дел од клуб кој промовира еднаквост и се извинувам што мојата изјава направи проблеми“, напиша Де Бур на својот Twitter профил.

Инаку, токму холандската женска репрезентација минатиот месец играше финале на женскиот Мундијал каде загуби од Франција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе