Дебакл на ракометната репрезентација, Рио остана само желба

Македонските ракометари нема да играат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако во клучниот натпревар загубија од Тунис 26:32 (10:17). Тунис со двете победи обезбеди настап на ОИ, додека Македонија со она што го одигра во првите две кола на овој турнир не заслужи да оди во Рио.

Стартот на мечот го најави неславниот крај на Македонија на турнирот во Гдањск, испуштање на историска шанса за пласман на најголемата спортска смотра, каде што нашата држава никогаш не настапила во некои од колективните спортови.

Катастрофално лоша беше играта на ракометарите во текот на целиот натпревар. Одбраната не функционираше, голманите немаа свој ден, а во нападот се се сведуваше на индивидуални акции.

Таквиот пристап им овозможи на борбените Тунижани да го контролира натпреварот во текот на сите 60 минути.

Тунис отвори со три гола во првите три минути, а дебаклот на нашиот тим беше најавен во осмата минута кога резултатот беше 1:8.

На полувреме Тунис имаше огромни седум голови предност 10:17, Македонија се обиде во вториот дел, противникот оставаше можности за евентуален пресврт, но секогаш кога таква шанса ќе се укажеше, наместо организиран напад „црвено жолтите“ се обидуваа со индивидуални акции, кои во најголем дел завршуваа неуспешно.

„Немам што да кажам. Катастрофа. Не е време да се даваат некои одговори. Не треба да се биде паметен да се види што се случуваше. Едноставно ги загубивме главите, лошо почнавме, од пусто брзање правевме грешки, а тие сето тоа го контролираа. Свесни бевме што ни значи ова, за нас, за цела генерација, за цела Македонија. Не знам во кој правец да размислувам во овој момент. Знам дека имаме добра репрезентација. Треба сега да се оладат главите, па да видиме што понатаму“, рече веднаш по мечот за МРТ, капитенот Кире Лазаров, кој со осум голови беше најефикасниот во македонската репрезентација.

Тунис го предводеа голманот Магаиз со 13 одбрани, односно Бугами со седум и Саед со шест голови.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе