Децата оставени во автомобил во Ново Лисиче сместени во згрижувачко семејство

Скопје, 29 август 2019 (МИА) – Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи привремено во згрижувачко семејство ги згрижи децата кои синоќа беа оставени во автомобилот во Ново Лисиче.
 
Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега.
 
-Стручниот тим смета дека во моментов најдобар интерес на децата е да бидат сместени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа нега и психосоцијална поддршка. Ова значи времено сместување на друго безбедно место, а во однос на родителското право ќе треба да ги комплетираме потребните документи и да се консултираме со Министерството за внатрешни работи и со ОЈО за да видеме со кои факти и докази располагаме, изјави за МИА директорката  на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Наташа Станоевиќ.
 
Таа додаде дека стручен тим ќе работи и со родителите на децата и тој ќе треба да ги оцени нивните родителски капацитети. Таа проценка, заедно со другите информации ќе бидат основа брз која ќе биде донесена евентуална одлука за одземање на родителско право.
 
Двете деца синоќа околу 22 часот беа најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

По преземени мерки од полициските службеници ги пронашле Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот. 

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе