Децата раскажаа како се спасиле и што јаделе 40 дена во џунглата

Четирите мали деца, кои беа пронајдени живи во Јужна Колумбија, пет недели откако авионот со кој патуваленсе урна во густа џунгла, се во болница во Богота во стабилна состојба.

Децата се истоштени, но среќни, велат нивните блиски кои не можат да ја опишат нивната среќа што малечките се пронајдени по повеќе од 40 дена.

„Ги видов моите внуци. Што е најважно, тие имаат живот во себе. Иако се многу исцрпени, тие се во добри раце“, изјавила нивната баба Фатима Валенсиа.

И дедото е пресреќен.

„Среќни се што го гледаат своето семејство. Добри се. Тие се деца на дивината, знаат како да преживеат во џунглата“, вели гордиот дедо Фиденсио Валенсиа.

URL

Децата, кои се членови на племето Уитото, беа спасени во петокот откако 40 дена талкале во џунглата. Едногодишната Кристин, Солеини (9) и Тиен Нориел (4) се живи благодарение на нивната сестра Лесли (13), која е вистинска хероина.

„Преживеале јадејќи брашно, кое го нашле во авионот, а потоа јаделе семки“, вели дедото.

Бабата кажа дека борбеноста на нејзината најстара внука била пресудна за децата да преживеат во ужасите на џунглата.

„Таа се грижела за своите браќа и сестри. Им дала да го изедат тоа брашно, малку леб што имало и бобинки што ги нашле“, вели бабата.

Децата биле пронајдени на околу 5 километри од урнатините на авионот Cesna во кој летале со нивната мајка и уште двајца возрасни.

Според Националната организација на американските домородни народи на Колумбија, важен фактор кој одиграл улога во нивниот опстанок е фактот што тие се автохтони.

„Токму оваа посебна врска со природата ги дефинира. Преживувањето на овие деца е сведоштво за знаењето и односот што домородното население го одржува со природата, врска што се учи уште од времето кога се во утробата на нивната мајка“, се наведува.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе