По авионска несреќа 4 деца преживеале 40 дена во џунгла

Макфакс/Кајгана
/ 10.06.2023 / 12:26

Неухранети и изедени од инсекти, ги пронашла војската четирите деца кои 40 дена живеле сами во џунгла по авионска несреќа во Колумбија.

Преживеале силни бури во еден од најнегостопримливите делови на земјата, каде живеат опасни животни, но и вооружени групи, пишува The Guardian.

По падот на авионот, во леталото биле пронајдени тројца мртви возрасни лица, меѓу кои и мајката Магдалена Мукутуј Валенсиа (33). Но, од децата немало ни трага, ни глас.

„Како изгледал нивниот опстанок, ни покажаа со нивниот пример, ова ќе остане во историјата“, рече колумбискиот претседател Густаво Петро, ​​нарекувајќи ја случката „радост за целата земја!“

Ниту едно од децата не било во тешка состојба

Четирите браќа и сестри, на возраст од 13, 9, 4 години и едно 11-месечно бебе, биле од заедницата Уитото. Иако неухранети, ниту едно од децата не било во тешка состојба, дури ни најмладото, пишува The Guardian.

Се верува дека преживеале јадејќи од комплетите за преживување фрлени во џунглата од страна на тимот за пребарување, но знаењето и мудроста што го добиле од нивната баба, исто така, можеби било од витално значење, рече Џон Морено, домороден водач од блискиот Ваупес.

„Ова е недопрена шума, густа и опасна… а знаењето што го стекнале во заедницата, знаењето на нивните предци, го искористиле за да преживеат“, изјави тој за локалниот медиум Cambio.

Децата се транспортирани во градот Сан Хосе де Гуавиаре на медицински прегледи и психолошки проценки.

Екипите најдоа стапалки, потоа дојде надеж

Како што пишува The Guardian, во деновите што следеле се појавила трошка надеж. На околу 500 метри од местото на несреќата, тимовите за пребарување пронашле отпечатоци од стапала, џвакано овошје и користени пелени. Напорот за спасување, наречен „Операција Надеж“, брзо бил зголемен, на крајот вклучил 150 војници и 200 доброволци од локалните домородни заедници, како и тим од 10 белгиски овчари, на површина од над 323 квадратни километри.

Тимот за пребарување извршил повеќе воздушни проверки, прикачувајќи звучник со долг дострел на хеликоптерот на кој пуштиле порака од бабата на децата, на јазикот уитото, во која се кажувала дека потрагата е во тек и да останат таму каде што се.

Децата, сепак, биле во движење. Првичните надежи дека децата ќе бидат пронајдени живи брзо се намалиле. Тимот за пребарување наишол на напуштени кампови на бунтовнички групи, а дел од тимот за пребарување се повлекол поради огнот со друга група во регионот. Бројот на летови бил намален и комбинираната командна станица во Сан Хосе де Гувиаре била распуштена.

Верувале дека се живи

Сепак, два дена пред да бидат пронајдени, бригадниот генерал рекол дека сè уште верува оти децата се живи и дека тешкотијата да се најдат се должи на нивното движење низ џунглата.

„Ова не е игла во стог сено, тоа е мала болва во тепихот, затоа што се движат“, изјави за локалниот печат, „но ако, не дај Боже, беа мртви, веќе ќе ги најдевме“.

Во петокот околу 17 часот, се слушнало: „Чудо! Чудо! Чудо! Чудо!“ Група од 10 војници и 8 домородни доброволци откриле нови траги и ги следеле до местото каде што биле децата на чистинка.

Во петокот, војската твитна фотографии на кои се гледа група војници и доброволци како позираат со деца завиткани во термални ќебиња. Еден од војниците држи шише до усните на најмалото дете.

„Тоа е можно само со заеднички сили“, напиша на Twitter колумбиската воена команда.

Гласините за тоа каде се наоѓаат децата првпат се појавија на 18 мај, кога Петро на Twitter објави дека децата се пронајдени. Потоа ја избришал пораката, тврдејќи дека бил погрешно информиран од владина агенција.

Во петокот, откако потврди дека децата биле спасени, претседателот рече дека некое време верувал дека децата биле спасени од едно од номадските племиња кои сè уште талкаат по оддалечените делови на џунглата каде паднал авионот и имаат мал контакт со властите.

Но, Петро додаде дека децата прво ги пронашло едно од кучињата спасувачи кои војниците ги однеле во џунглата. Тој рече дека се надева оти ќе се сретне со децата во денес.

„Џунглата ги спаси“, додаде.

URL

Четирите деца биле во авионот Cesna 206, кој летал од градот Сан Хосе де Гуавиаре до Аракуара, провинцијата Амазонас, утрото на 1 мај, кога неговиот пилот издал тревога за помош поради дефект на моторот.

Две недели подоцна, леталото беше пронајдено, 175 километри јужно од Сан Хосе де Гуавиаре. На местото на настанот беа откриени три возрасни тела, меѓу кои и на 33-годишната мајка на децата, но немаше траги од децата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе