Децата со благи симптоми и без симптоми можат да бидат преносители на COVID-19

Децата со благи симптоми и без симптоми можат да бидат преносители на коронавирусот, покажуваат неодамнешните податоци во САД.

Како што се наведува, 12 деца заразени во установа за нега и чување деца во американската држава Јута заразиле најмалку 12 луѓе, пренесе CNN. Податоците покажуваат дека децата може да го пренесат вирусот од детските установи за грижа во своите домови, пишуваат истражувачите во извештајот објавен од Центарот за контрола и превенција на болести.

Истражувачите ги анализирале податоците за барање контакти од 184 луѓе поврзани со три установи за грижа за деца во Солт Лејк, од април до јули. Пронашле најмалку две деца кои немале симптоми, а биле заразени со вирусот и го пренеле на други луѓе, вклучително и на една мајка која била хоспитализирана. Едно 8-месечно бебе го пренело вирусот на двајцата родители.

Истражувачите велат дека двете епидемии во оваа установа започнале со вработени кои имале контакти со заразени членови од семејствата.

Тие препорачуваат употреба на маска на лице, особено за персоналот вработен во центрите за грижа на деца помлади од 2 години, а кои се премали за носење маски.

Половина милион деца во САД се регистрирани како заболени од коронавирусот, со 16% повеќе во периодот меѓу 20 август и 3 септември, соопшти Американската академија на педијатари.

Иако децата полесно го прележуваат вирусот, прашањето што најмногу ги мачеше властите беше каква ќе биде улогата на децата во ширењето на вирусот по отворање на училиштата и градинките.

Истражувачите велат дека децата полесно ја прележуваат болеста, но имаат улога во пренесувањето на вирусот односно асимптоматските случаи го пренеле вирусот на нивните родители и веројатно на нивните воспитувачи.

Во август истражувачи од Јужна Кореја соопштија дека децата, дури и оние без симптоми, можат да го носат вирусот во носот и во грлото со недели. Друго истражување покажа дека децата помлади од 5 години имаат меѓу 10 и 100 пати повеќе генетски материјал од новиот коронавирус во носот отколку поголемите деца и возрасните.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе