Дејвид Тенант во улога на демон во трејлерот за „Good Omens“
Добрата вест е што сега знаете кој е на добрата, а кој на лошата страна. Лошата вест е тоа што крајот на светот доаѓа на 31 мај. Или барем така тврди трејлерот за „Good Omens“, новата серија на Amazon Prime базирана на истоимената книга од Нил Гејман и Тери Прачет.
Премиерата на „Good Omens“ се ближи, а во оваа серија ќе имате шанса да ја погледнете сјајната актерска екипа составена од Дејвид Тенант, Мајкл Шин, Брајан Кокс, Френсис Мекдорманд, Бенедикт Камбербач, Џон Хем и многу, многу други.