По критиките кон Пекинг

Џек Ма по три месеци се обрати на јавноста, но не се знае каде е

Б.С.Б.
/ 20.01.2021 / 11:05

Сопственикот на Alibaba, Џек Ма, се обрати во јавност по скоро три месеци отсутност, поради што почнаа шпекулации за неговата положба и империјата што ја изгради во деловниот свет.

Во снимка, која трае 50 секунди, Ма им честиташе на учителите кои ја поддржуваат неговата хуманитарна фондација, но не го коментираше неговото исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговите бизниси се под инспекциски надзор.

Видеоснимката се појави на кинески бизнис вести, но и на други сајтови, пренесе AP.

Ма за последен пат е виден на 24 октомври, кгја ја критикуваше финансиската инспекција на самитот во Шангај, каде изнесе тешки зборови на сметка на кинескиот регулаторен систем што подоцна го стави во судир со официјалните власти.

URL

Односот на Ма со Пекинг останува нејасен. На почетокот на декември, кинеските власти му советуваа да остане во земјата. Расправата за неговиот сегашен престој настана во Пекинг.

Во меѓувреме, акциите на Alibaba пораснаа за повеќе од 4% во Хонконг. Иако сè уште е нејасно каде се наоѓа, појавувањето на Ма на јавен форум може да помогне во запирање на упорните шпекулации за неговата судбина, додека Пекинг спроведува финансиски истраги за неговата бизнис империја.

URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе