Прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул. „Радишанска“ од 22 часот до завршување на интервенцијата.
По добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, РЦУК Скопје ги известува граѓаните дека поради отстранување уличен водоводен дефект, цевка со Ф-250 мм на ул. Радишанска, до ТЦ Радишани, општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул. Радишанска од 22 часот.
Прекинот ќе трае до завршување интервенцијата.