Во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на COVID-19. Осум лица починаа.
По градови:
- Скопје 57
- Куманово 4
- Штип 13
- Тетово 6
- Струга 10
- Охрид 7
- Кавадарци 1
- Гостивар 8
- Пробиштип 2
- Демир Хисар 1
- Кратово 2
- Свети Николе 12
- Кичево 4
Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од:
- Скопје 35
- Штип 8
- Тетово 33
- Велес 1
- Гостивар 5
- Пехчево 1
Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.153, бројката на оздравени пациенти е 4.810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.921.