Дени Бојл е првиот избор за нов режисер на „James Bond“

Како што се наближува датумот кога новиот филм од франшизата „James Bond“, така се забрзува и потрагата по нов режисер кој ќе внесе нов живот во овој серијал. Сепак, студиото MGM изгледа има на ум едно име кое се смета како фаворит да ја преземе режисерската палка од Сем Мендес.

Оскаровецот Дени Бојл се очекува да потпише договор со студиото Metro-Goldwyn-Mayer за да ја преземе режисерската должност во франшизата за култниот британски таен агент.

Дени Бојл е почитуван и критички признат британски режисер, кој зад себе има проекти како „28 Days Later“, „Trainspotting“ и „Slumdog Millionaire“, за кој и доби Оскар. Освен филмската должност, тој беше режисер и на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година.

Минатото лето, студиото MGM одлучи дека 25-от филм за Џејмс Бонд ќе ја има неговата премиера на 8 ноември 2019 година, а во тој момент не беше сигурно ниту дали Даниел Крег ќе се врати во улогата на познатиот таен агент 007. Како што времето одминува сѐ повеќе, одбирањето на режисер за новиот дел од франшизата стана задача која тежи на грбот на студиото, па изборот на Дени Бојл, иако не конечен, е охрабрувачки за љубителите на филмот.

Бојл често работи на филмови кои се од британска продукција, но зад себе има и неколку холивудски блокбастери, па се очекува добро да се снајде во новата работна задача. Тој би можел да донесе нов изглед и свежина во филмската франшиза која беше критикувана по последниот нејзин дел дека премногу „оди на сигурно“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе