Десерт на денот: Карамел колач со јаболка

Овој карамел колач со јаболка е совршениот десерт за љубителите на домашни слатки задоволства, а е лесен за подготовка. Најмногу време за подготовка одзема правењето на карамел сосот, но е прилично едноставен.

За карамел сосот ќе ви треба 200 гр шеќер, 200 мл слатка павлака и една кашичка екстракт од ванила.

Шеќерот ставете го тенџере и загревајте додека не почне да се топи. Шеќерот треба да почне да добива темнозлатна боја. Внимавајте да не го препечете шеќерот и да стане горчлив. Малку загрејте ја павлаката и додадете ја во карамелизираниот шеќер. Додадете го екстрактот од ванила.

Потребни состојки за колачот:

3 средни јаболка (пресечени на тенки парчиња)

3 лажици брашно

4 лажици шеќер

4 лажици млеко

Ванилин шеќер

2 јајца

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги во длабок сад додека не добиете хомогена смеса.

Во плех или кружен сад за печење ставете хартија за печење. Налејте го карамел филот. Потоа наредете ги парчињата јаболка. Озгора ставете ја смесата за тесто.

Печете 25 минути на 180 степени Целзиусови.

Откако ќе се испече, превртете ја на чинија или даска за сервирање. Послужете го секое парче со топка сладолед од ванила.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе