Десет важни лекции кои може да ги научиме од децата

Треба да го негуваме детето во себе. Децата знаат како да уживаат во животот многу подобро од возрасните.

Овие 10 лекции треба да ги научиме од децата.

1. Секој ден е нов почеток

Се сеќавате ли на онаа чувство кога крајот на школскиот ден е како нов почекот? Кога сме деца, секој ден ни се чини дека трае цела вечност, а секој нов ден значи нова можност за создавање на нови авантури, пријателства и учење нови работи. Децата не го носат товарот на грб. Тие секогаш почнуваат одново.

2. Бидете храбри

Пејте на глас. Танцувајте кога ви се танцува.

Детскиот ум не познава граници затоа што тие не се ограничени од стравот од неуспех. Тие одат напред со надеж дека ќе истраат и не знаат поинаку. 

3. Смејте се секој ден

Децата се способни да најдат причина за радост насекаде околу нив. Забележете само колку се среќни кога ќе одат во шопинг центар или во парк.

4. Чувајте ги убавите пријателства

Децата се водат според правилото - колку повеќе, толку подобро. На секое место имаат пријатели, без разлика дали се на роденденска прослава, во ново училиште или во парк.

5. Пробувајте нови работи

Децата не се плашат да се обидат да пробаат нешто ново. Скокаат на трамболина, нуркаат во море, се искачуваат по стрмен рид, без оглед на тоа што сето тоа го прават за прв пат во животот.

Кога ќе пораснеме, се плашиме од непознатото. Не го напуштаме комфорот на нашиот дом, но кога ќе се впуштиме во некоја авантура се чувствуваме како повторно да сме се родиле.

6. Забележувајте ги ситниците

Децата се восхитуваат на едноставните работи кои ги забележуваат околу себе. Доколку и ние почнеме да ги забележуваме обичните работи со кои сме опкружени секој ден, животот би бил многу поубав.

7. Во ред е да побарате помош

Кога сте дете, вашиот живот зависи од поддршката и помошта од возрасните.

Без тоа, детето не може да живее самостојно.

Кога ќе пораснеме, тогаш сметаме дека сè можеме сами и не бараме помош. Тоа е малку тажно бидејќи кога ќе побараме помош ќе се чувствуваме поспособни и ќе постигнеме поголем резултат.

8. Не знаете сè

Со акумулирање на формалното образование имаме чувство дека знаеме сè. Меѓутоа, не сме во право. Човекот никогаш не треба да престане да биде љубопитен и да поставува едноставни прашања, баш како што прават децата.

9. Постои нов свет кој допрва треба да го откриете

Децата набљудуваат сè околу нив. Доколку излезете на прошетка со дете и на прошетка со возрасен, ќе ја забележите разликата. Како поминуваат годините, сè помалку ја забележуваме природата околу нас.

10. Пробувајте нови искуства и пред да бидете подготвени

Децата не читаат научни истражувања пред да се обидат да направат нешто ново. Тие ќе се обидат и потоа ќе набљудуваат што ќе се случи. Децата сакаат да го истражат она што не им е познато. Најпрво ќе кажат да, а потоа ќе смислат што да направат.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе