Десетина велосипедисти гинат во сообраќајки на годишно ниво во земјава

На светско ниво 97 проценти од загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди не носеле заштитна кацига, покажуваат податоците што ги објавува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Европската недела на мобилност.

Оттаму денеска апелираа до велосипедистите да бидат одговорни, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот и редовно да користат заштитен шлем.

Како што информира РСБСП, на светско ниво, два процента од загинатите лица во сообраќајни незгоди се велосипедисти, а најчести смртоносни повреди кај велосипедистите се повредите на глава. Кај нас во просек годишно десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велосипедист кога учествува во сообраќај треба да носи заштитен шлем односно кацига, но, укажува РСБСП, законот не предвидува никаква санкција доколку велосипедистот не користи заштитен шлем односно кацига.

-Една од причините зошто законот не предвидува задолжително користење на заштитна кацига е фактот што голем број велосипедисти, а исто така и Европската велосипедска федерација сметаат дека доколку користењето на заштитна кацига е задолжително и доколку не користењето на заштитна кацига се санкционира, тогаш значително ќе се намали бројот на лица кои користат велосипед како сообраќајно превозно средство и на тој начин ќе се изгубат сите придобивки кои ги носи користењето на велосипедот како превозно средство. Согласно наведеното дали ќе користи кацига или не, одлуката ја носи самиот велосипедист, велат од РСБСП.

Во информациите и практичните совети зошто е добро велосипедистите да носат соодветна опрема, пред се заштитна кацига и како правилно да ја користат РСБСП ја потенцира заштитата на главата и наведува дека според меѓународни истражувања, при сообраќајна незгода со велосипед од 22  проценти до 47 проценти од велосипедистите се здобиваат со повреди на главата, а 75 проценти од загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди се поради здобиени повреди на глава.

Од РСБСП  ја потенцираат и заштитата од надворешни временски влијанија и појаснуваат дека  кацигата ја штити главата од директна изложеност на сонце и во случај на дожд не дозволува дождот да се слева кон очите, со што се подобрува видливоста кај велосипедистот.

Една од причините поради коишто страдаат велосипедистите во сообраќајот, посочуваат, е тоа што возачите не ги забележуваат навремено велосипедистите. Со носењето заштитна кацига со светла боја и рефлектирачка површина видливоста на велосипедистот е многу поголема, потенцира РСБСП и дополнува дека за да овозможи адекватна заштита кацигата треба да биде користена на правилен начин.

Најважни правила за соодветна употреба на кацигата се: Да се користи соодветна димензија (големина) на кацигата. Кацигата не смее да стега, ниту премногу да биде лабава за да овозможи максимална заштита. Позиционирањето на кацигата во предниот дел треба да биде два прста над очите, кацигата несмее да биде прениско поставена за да не го намалува видното поле на велосипедистот. Кацигата секогаш мора да биде цврсто врзана за долната вилица, бидејќи при незгода ако не е врзана може да падне од главата и да ја изгуби функцијата. Користењето на сертифицирана кацига за велосипедисти, наспроти не сертифицирана, пак,  го намалува ризикот од повреда на главата за седум пати, советува РСБСП.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Живот

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Read more

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more
 

Магазин

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе