Одвреме-навреме се случува нешто многу важно што ја става вашата романтична врска на тест.
Кога Алисон Финли, студентка од Лондон, се најде во таква ситуација, си ја сфати работата многу сериозно.
Нејзиниот дечко не можел да го гледа натпреварот Англија-Тунис на Светското првенство во Русија, па ја замолил да му пренесува што се случува на теренот.
Англија победи со 2:1, но вистинската победа оди за Алисон која го освои интернетот со нејзиниот несекојдневен „стил на коментирање“ фудбалски натпревар.
Откако ја објави нејзината анегдота на социјалните мрежи, луѓето реагираа многу позитивно и ја нарекоа „кралица на спортските коментатори“ и „позабавна од класичните новинари“.
Вака изгледа пораката на Алисон до дечкото и коментарите на интернет корисниците: