ДИК бара Судот поажурно да ги издава уверенијата за неосудуваност

„Судот треба да го има предвид рокот за пријавување на кандидатските листи, кој истекува во петок на полноќ“, сметаат од Државната изборна комисија (ДИК), откако од опозициските СДСМ и од ЛП се пожалија дека уверенијата за неосудуваност за нивните кандидати ќе им бидат издадени од судот на 15 ноември, а рокот за пријавување е 11 ноември.

Државната изборна комисија со писмо ќе побара од Основниот суд Скопје 1 Скопје поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност и да го има предвид рокот за пријавување на кандидатските листи согласно Изборниот законик, кој истекува во петок на полноќ. Ваков заклучок бил донесен на вчерашната седница на изборната комисија.

Кандидатите за пратеници својата кандидатура до ДИК треба да ја достават до полноќ во петок, додека, пак, според партиските реакции од Судот добиле објаснувања дека уверенијата ќе им бидат изготвени во рок од пет до седум дена со што ќе се пробие рокот предвиден со Изборниот законик.

Од ДИК засега не може да кажат дали проблемот што се јавил со издавањето на овие уверенија може да го опструира целиот изборен процес.

Објаснуваат дека рокот за поднесување на кандидатските листи не може да биде пролонгиран, бидејќи со тоа ќе се прекрши Изборниот законик. ДИК ќе ги разгледува кандидатските листи во сабота, а за оние што не се комплетни може да им даде рок од 48 часа да ги отстранат утврдените неправилности. Проблем што тука се јавува е што тој рок е за време на викенд, кога судот вообичаено не работи.

Вчера СДСМ реагираше дека со овие активности претседателот на судот Владимир Панчевски намерно се обидува да го наруши изборниот процес.

Од Судот, пак, ги обвинија кандидатите за пратеници дека навремено не ги извадиле овие уверенија, поради што сега имаат преголем број барања на кои не можат да одговорат. Судот вчера рече дека ќе организира дежурства.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе