ДИК го усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи

Државната изборна комисија (ДИК) го разгледа и едногласно гo усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи, заклучувајќи дека во рокот за пријавување од 26 јули до 19 август годинава пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава се прифатени.

Вкупно 3.620 пријави биле лично доставени до ДИК, а 5.302 се поднесени преку електронска апликација.

Правната служба на ДИК одбила 21 пријава. Од нив една пријава е одбиена поради нечитлив документ, девет поради несовпаѓање на документ, девет поради неважечки личен документ и две поради некомплетен личен документ.

Согласно утврдениот Извештај на ДИК, пријава не поднеле вкупно 30.467 лица. Според писмено известување од Управата за водење матични книги од 22 август 2016 година 20 лица од списокот се починати заклучно со 19 август 2016 година.

Три или повеќе члена на ДИК во рок од 10 дена по истекот за пријавување можат да побараат дополнителна проверка за кое и да е од лицата.

Со Законот за дополнување на Изборниот законик, Комисијата беше задолжена да спроведе процес на активна регистрација на 39.502 лица за кои при спроведените административни и теренски проверки се утврдени спорни записи.

ДИК по извршени дополнителни проверки преку споредба на списокот од 39.502 лица и Избирачкиот список иззема 113 лица за кои е утврдено дека шест се починати, 51 лице е на привремена работа или престој во странство, 54 го изгубиле избирачкото право по различни основи и две лица поднеле барање за промена на податоци во Избирачкиот список. Можност за пријавување имаа вкупно 39.389 лица.

Граѓаните кои не се пријавиле во законскиот рок од 25 дена согласно законот ќе имаат дополнителна можност да се пријават до ДИК во тек на јавниот увид пред предвремените избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе