ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Димитриевски: Не знам за никаква понуда од Барса

Откако одредени македонски медиуми синоќа објавија дека готов е трансферот на Столе Димитриевски во Барселона, голманот во интервју за шпански медиум негираше дека има понуда од Каталонците.

Говорејќи за Pasión por el Rayo Radio, македонската единица тврди дека нема доставено никаква понуда од Барселона на негова адреса.

Викендов тој не беше ни на клупата кога Рајо Ваљекано играше дома со Бетис, што во земјава покрена нови шпекулации дека Столе е пред трансфер во Барселона. Самиот тој на го најави натпреварот, а потоа го немаше во составот. Сега, голманот откри дека всушност е повреден.

URL

„Имам мали болки во тетивата, но ништо сериозно. Неколку дена одмор и третмани и се враќам во старата форма за некој ден. Добар сум. Ништо не е сериозно или страшно за со недели да би бил надвор од теренот. Мирувам, добар сум, се опоравувам и очекувам викендов што доаѓа да им помогнам на моите соиграчи. Овие болки ми дојдоа поради ковидот, затоа што седев дома без да тренирам“, објаснува Столе зошто го немаше против Бетис.

Вели дека не знае за никаква понуда од Барселона.

URL

„Многу сум фокусиран на натпреварите сезонава и тоа е она што ме интересира. Да се слушнат такви работи ме прави среќен и благодарен бидејќи тоа значи дека сум направил нешто добро и затоа се распрашувата за мене. Но, многу сум фокусиран на мојата работа, да му помогнам на тимот. Немам никаква информација и не би сакал да знам бидејќи тоа може да ми влијае на секојдневната работа. Јас сум сериозна и многу смирена личност. Денес е Барселона, утре Атлетико, но мора да се остане фокусиран: напорен тренинг, добра игра... тоа што треба да дојде, ќе си дојде. Нормално е секој да сака да напредува и да игра за голем тим, но јас сум страшно фокусиран на Рајо“, рече тој.

Сепак, до крајот на преодниот рок активни ќе бидат шпекулациите за негов трансфер во Барселона. Можеби неговиот менаџер е задолжен за такво нешто без Димитриевски да се замара. Останува да видиме...

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more
 

Спорт

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе