Димитров: Не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров истакна вечерва декa Северна Македонија е посветена на имплеметација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и оти Софија одигра клучна улога во повторно актуелизирање на прашањето за проширување на Европската Унија, но напомена дека досегашниот успех ќе биде ставен во ризик доколку не се најде решение за ќор сокакот, кој настана поради спорот со Бугарија.

– Едноставно не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина, доколку се земе предвид дека ЕУ е заедница, која ги вреднува различностите, истакна Димитров синоќа за „Политико“, пренесува МИА.

Во написот на „Политико“ под наслов „Бугарија се заканува со вето за преговорите со Северна Македонија“, се нагласува дека европските дипломати вчера имаа прва дискусија за преговарачката рамка и оти се уште има шанси да се избегне пропаѓањето на процесот и оти се планирани повеќе разговори.

За прв пат вчера темата за преговарачката рамка за Северна Македонија се најде на дневен ред на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, откако неколку недели се пеглаа ставовите на експертско ниво, јави претходно дописничката на МИА од Брисел.

– Сѐ уште има простор за дипломатија, изјави еден од дипломатите, кој  учествувал на средбата, посочувајќи на подготвителните состаноци за претстојниот самит во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе ги обедини лидерите од Западен Балкан и Европската Унија во Софија на 10 ноември, истовремено кога се одржува и Советот за општи работи, пишува „Политико“.

Дипломатски извори на „Политико“ изјавиле вчера по состанокот дека Бугарија го изнела ставот дека ќе стави вето на официјалниот почеток на преговорите со Северна Македонија, доколку не се земат предвид прашањата за јазикот и историјата.

Дипломат, кој учествувал на состанокот, нагласил дека бугарскиот претставник изнел „долг и мошне емоционален говор“ на темата, додава „Политико“.

Дискусијата за проширувањето траела речиси два часа, бугарскиот амбасадор најдолго зборувал, пренесуваат дипломатски извори за МИА. Тој ја изложил бугарската позиција околу усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, нагласувајќи дека Софија го оспорува краткото име на земјата (Бугарија смета дека земјата треба да се нарекува Република Северна Македонија во официјална комуникација, а не Северна Македонија) како и ословувањето на јазикот како македонски, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според дипломатите присутни на денешниот амбасадорски совет во Брисел, ниедна земја членка не ја поддржува позицијата на Софија, бидејќи е вон надлежностите на ЕУ и мора да се реши билатерално. Но, потсетуваат дипломатите, правото на вето во Унијата на овие теми е засега неприкосновено, и Бугарија, доколку одлучи може да го блокира усвојувањето на рамката.

Се очекува поддршката за преговарачката рамка да биде дадена на министерскиот состанок на Советот за општи работи на 10 ноември, но како што наведува „Политико“, постои можност Софија да го попречи овој процес.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе