Димитров: По ветото од Бугарија нашиот вистински пораз е ако дигнеме раце од пристапниот процес

По ветото од Бугарија, треба да бидеме смирени и трезвени, треба да бидеме возсрасни. Не треба да ја повториме грешката од НАТО Самитот во Букурешт 2008 кога фативме трета патека. Нашиот вистински пораз е ако дигнеме раце или ако толку се фокусираме на ова прашање кон Бугарија па заборавиме зошто нам ни треба пристапниот процес, а тоа е процес со кој треба Европа да си ја донесеме дома. Не треба да дигнеме раце ниту од изнаоѓање разбирање со Бугарија, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Тој во гостувањето на емисијата „Програми 200“ на Алсат М, посочува дека нашите позиции стојат на многу чист принцип како Лисабонскот договор, кој е уставен договор на ЕУ, а да се зборува за идентитетски прашања не ја тангира само земјата кандидат туку и самата ЕУ како Унија на вредности. Воедно и кај нас и во ЕУ, наведува, има интерес да се најде решение околу ова прашање на линија на европските вредности

– Ако продолжиме мудро кон Софија, ќе ги убедиме и нив дека не може да ви бидам пријател ако не прифатам кој сте. Една изрека вели: „добриот пријател е тој што ви го разбира минатото,  верува во вашата иднина и ве прифаќа токму таткви какви што сте“. За да имате добри комшии треба и да бидете добар комшија, вели Димитров.

Според Димитров не може да се споредува сегашниот проблем со Софија со тој претходниот, потребно е вели, да продолжиме да разговараме, но и оти ќе направиме грешка ако ја насочиме целата енергија кон тој однос со Бугарија  Главната енергија треба да ја насочиме дома, додава тој, на спроведување на реформската агенда.

– Решавањето на големи надворешни билатерални прашања наликува како на освојување планина. И ние последните три години со тоа се бавевме. Пристапниот процес не треба да се идеализира, особено ако е оптоварен со вета. За процесот да функционира мора да биде објективен и да почива на Копенхашките критериуми, дали ние одиме чекор напред и отвораме кластер по ново, или поглавје по старо, треба да зависи од тоа дали судиите си ја вршат работата, дали се независни, дали ни е судството ефиаксно, дали ни се медиумите слободни…Тука треба повеќе да се фокусираме. Ќе има многу добра волја околу нас сега, бидејќи сите гледаат дека ова е неправедно, велат ги исполнивте сите услови како никој досега, уште не можете да почнете пристапни преговори. Зошто да не поканиме држави како Германија, Шведска, Холандија да ни помогнат да си направиме патоказ сега во клучните области, да си засукаме ракави, да си работиме за да бидеме во добра реформска кондиција тогаш кога ќе се отвори оваа врата, вели вицепремиерот Димитров.

Во тој контекст наведува дека во извештаите за напредок, земјата е оценето подобро од земји од регионот кои се веќе многу долги години во пристапниот процес.

– Пристапниот процес е алатка за реформи ако вие го обремените со вета, со истории, со идентитетски прашања тој не може да европеизира, тој ќе балканизира, вели вицепремиерот за европски прашања, додавајќи дека по ветото, сепак има опасност од појава на евроскептицизам во земјава, како и во регионот, за што е свесна и самата ЕУ.

Во однос на тоа што може да се очекува од утрешната посета на специјалниот преговарач Владо Бучковски во Софија, само еден ден по ветото од Бугарија, Димитров вели, рискантно е да прогнозира имајќи ги предвид динамиката и работите на таа релација изминативе недели.

– Главно сигналот е дека не бегаме од разговор, проблемите се решаваат само низ разговор. Ќе разговараме за сите прашања каде што може да се постигне напредок, нема да разговараме за прашања што не можат да бидат предмет на разговор со која било друга држава. Прашањето на кои сме, на јазик е во срцето на нашиот суверенит, тоа е наша работа. Тоа прашање го третираме дека е затворено дома, и дека е затворено во светското семејство, во ОН: Јас сум убеден дека ако сме упорни и мудри ќе успееме во Бугарија да разбудиме една визија на Жељу Желев, човекот под чие лидерство Бугарија ја призна тогаш Република Македонија како независна држава, а тоа е „силата на Бугарија е тоа што таа не посака ништо од Македонија за возврат. Тоа покажува дека немаме никакви задни мисли, ниту скриени цели, туку дека сакаме да бидеме добри соседи“. И ако сме упорни ако сме мудри ќе успееме ова прашање да го надминеме на начин што и двете држави ќе ги порасне, подвлекува вицепремиерот Никола Димитров.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе