НБА 2023/2024

Дивјакот Грин суспендиран на неодредено, ќе изгуби милиони долари

Дрејмонд Грин, играчот на Голден Стејт Вориорс, е суспендиран од НБА на неодреден период поради дивјачкиот удар на Јусуф Нуркиќ.

Центарот на тимот од Сан Франциско во вторникот вечерта намерно го удри по глава Јусуф Нуркиќ, центарот на Феникс Санс, и поради тоа автоматски беше исклучен. Тоа беше трет пат сезонава Грин прерано да заврши натпревар.

За среќа, Нуркиќ не беше тешко повреден по грубиот удар на Грин, но интернационалецот од Босна и Херцеговина апелираше да престане неговото однесување.

„На братот му треба помош. Навистина не знам што е проблемот со него. Имав среќа што не се обиде да ме задави. Тоа што го направи нема врска со спорт или кошарка. Навистина не знам што размислуваше“, рече Јуркиќ по мечот со Вориорс.

Неодамна имаше сличен инцидент кога го фати Руди Гобер за врат и го давеше неколку секунди. НБА во својата одлука за суспензија наведе дека „Грин има историја на неспортско однесување“.

URL

Според најавите на ESPN, Грин ќе треба да седне на маса со генералниот менаџер на Вориорс, Мајк Данливи, како и агентот на Грин, за да се преземат чекори со цел да не се повтори вакви случки.

Суспензијата Грин ќе го чини и финансиски. Доколку пропушти помалку од 20 натпревари, ќе биде казнет со 154.000 долари за секој. А ако е над 20, казната ќе се зголеми на 203.000 долари по натпревар, односно вкупно може да се искачи на некаде околу 4,2 милиони долари.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе