Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 25.993.049. Од нив починале 862.786, а оздравеле 18.261.000 луѓе.

– Во Германија денеска се регистрирани 1.256 нови случаи на коронавирус, објави Институтот Роберт Кох (РКИ). Според податоците на Институтот, уште 11 лица починале во последните 24 часа како резултат на инфекција со COVID-19. Од почетокот на пандемијата досега во Германија се заразени вкупно 244.855 лица, а умреле 9.313 лица.

– Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Јужна Кореја денеска се зголеми за 267, што е 20-ти ден по ред на трицифрен број на заразени. Корејскиот центар за контрола и превенција на болести објави дека вкупниот број на лица заразени со COVID-19 е 20.449, додека 326 лица умреле од вирусот.

– Во последните 24 часа во Индија се потврдени 78.357 нови случаи на коронавирус, што е блиску до минатонеделниот рекорден дневен број на нови инфекции кога беа регистрирани 78.761 нови случаи. Како резултат на овие бројки, вкупниот број на заразени лица во Индија сега изнесува повеќе од 3,7 милиони, пренесуваат американските меидуми. Во изминатиот ден се евидентирани и 1.045 смртни случаи, па вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 66.333.

– Според официјаните податоци на здравствените власти во Косово, во изминатите 24 часа починале 6 лица заразени од COVID-19, така што бројот на жртви на епидемијата се зголеми на 539. Во истиот период се евидентирани и 112 новозаразени, со што вкупната бројка на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 13.713. Вклучително вчерашните 131 излекувани, бројот на лица кои ја совладале болеста изнесува 9.923, додека активни носители на вирусот моментално се 3.250 лица.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 233 нови случаи на COVID-19, а починаа уште две лица. Од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 273 смртни случаи и 10.757 заразени лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти за 5 нови случаи на COVID-19 од направени 2.643 тестови во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.495 лица.

– Во Бугарија во послендите 24 часа умреле 13 лица со COVID-19, се дознава од евиденцијата на Единствениот информативен портал. Вкупниот број на смртни случаи во земјата е 642. Новодијагностицирани со коронавирус се 188 лица, а вкупниот број на регистрирани инфекции досега е 16.454.

– Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 122 новодијагностицирани со COVID-19, од направените 856 тестови. Истовремено е забележана висока бројка на оздравени или 141, додека починале 6 пациени, кои болнички се лекувале. Од почетокот на пандемијата досега се направени 64.505 тестови, позитивни биле 9.728, закрепнале 5.582, умреле 296, додека активни на болеста се 3.850 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 311 нови случаи на коронавирус и 4 умрени пациенти од последици на COVID-19. Од почетокот на епидемијата во оваа земја се регистрирани 10.725 случаи.

– Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 4.852 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени е 1.005.000, јави ТАСС. Пријавени се и 115 смртни случаи, што е помалку од претходниот ден, кога 123 пациенти умреа како последица на COVID-19, соопшти кризниот штаб. Во земјата од COVID-19 досега умреле вкупно 17.414 лица.

– Министерство за здравство на Мексико соопшти дека во таа земја во последните 24 часа биле регистрирани 6.476 нови случаи на COVID-19 и 827 смртни случаи. Вкупниот број на потврдени случаи досега е 606.036, со 65.241 смртни случаи, со што оваа земја се најде на четвртата позиција на најзагрозени земји во Латинска Америка, по Бразил, Перу и Колумбија, пренесе CNN.

– Во последните 24 часа во САД се регистрирани 43.253 нови случаи и 1.067 умрени пациенти. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс од Вашингтон, досега се потврдени вкупно 6.075.384 случаи на заразени со COVID-19 и 184.686 смртни случаи.

– Во Украина во последните 24 часа се регистрирани 2.495 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Поради тоа, властите воведоа привремена забрана за влез на странски државјани во земјата, која ќе важи до 28 септември, објави лондонски The Guardian. Владата во Киев донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до крајот на октомври, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата. Досега во Украина се регистрирани 125.798 случаи на COVID-19.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе