Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 39.388.943 лица. Од последици од COVID-19 починале 1.105.915 пациенти, а оздравеле 29.508.233 луѓе.

– Во Русија во изминатите 24 часа се потврдени 15.150 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Кризниот штаб на таа земја. Истовремено потврдени се и 232 починати лица. Вкупниот број на заразени досега во Русија изнесува 1.369.313, а починати се 23.723 пациенти. „Руските компании го зголемија капацитетот на производство на медицински маски од 600.000 кон крајот на март на речиси 20 милиони маски дневно“, изјави рускиот министер за индустрија Денис Мантуров.

– Во Хрватска во изминатото деноноќие се регистрирани 1.131 нов случај на зараза со COVID-19 и еден смртен случај. Според експертите, доколку бројот над 1.000 заразени се задржи десетина дена, тоа би го довело во опасност функционирањето на здравствениот систем на Хрватска. Од 25 февруари досега вкупно се потврдени 23.665 инфицирани лица со новиот коронавирус, а 345 се починати. Вкупно се оздравени 19.087 луѓе, од кои 459 во изминатите 24 часа. Во самоизолација моментно се наоѓаат 17.242 лица.

– Во Словенија бројот на заразени од коронавирус продолжува да се зголемува, а според последните податоци на Владата, во изминатите 24 часа инфицирани се уште 834 луѓе, додека 4 пациенти починале. Во земјата досега од последици на вирусот починале 180 лица, заразени се 11.517, а моментно се активни 5.413 случаи.

– Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 265 новозаразени од COVID-19, а од тоа 40 отсто, или 106, се од Белград. Во истиот период починале две лица, што е вкупно 772 смртни случаја од почетокот на епидемијата. Хоспитализирани се 365 шациенти, а 23 се приклучени на респиратори.

– Двајца починати, 104 заразени и 42 излекувани од COVID-19 се регистрирани во изминатие 24 часа во Косово. Според официјалните статистики на здравствените власти во Приштина, од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 652 смртни случаја, 16.606 заразени и 14.560 лица кои ја совладале болеста. Бројката на активни носители на вирусот моментно изнесува 1.393. Вчера се извршени рекорден број тестирања од почетокот на пандемијата, вкупно 889, а министерот за здравство Арменд Земај најави дека таа бројка и натаму ќе расте. Од почетокот на пандемијата тестирани се вкупно 78.160 лица.

– Бројот на новозаразени од коронавирус во Обединетото Кралство се зголеми денеска за 15.650, соопшти британската Влада. Тоа е намалување во однос на вчерашниот број инфицирани, кој изнесуваше 18.989. Од COVID-19 починаа 136 лица, што е за два смртни случаја помалку од вчера.

– Бројот на заразени случаи со коронавирус во Црна Гора се зголеми во споредба со вчера. Во изминатите 24 часа се регистрирани 273 новозаразени лица, а седум луѓе починаа.

– Во Грција во изминатото деноноќие се потврдени 508 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата во еден ден, а починаа 8 пациенти. Досега вкупно во земјата се регистрирани  24.450 заразени и 490 смртни случаи, на просечна возраст од 79 години. Моментно активни случаи се речиси 14.000, а во критична состојба се наоѓаат околу 80 пациенти.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе