До кога европските политичари ќе преминуваат во приватниот сектор?

Европските ревизори го критикуваат преминот на политичарите во приватниот сектор.

Специјализираните агенции на ЕУ не успеаја да го спречат преминот на функционери во приватниот сектор кој претходно го регулирале, потфрлајќи во сузбивањето на конфликтот на интереси, предупреди Европскиот суд на ревизори.

ЕУ има повеќе од 40 агенции кои следат различни области, од банкарство, заштита на границите до медицина.

Агенциите лани располагале со вкупно повеќе од четири милијарди евра, повеќе од 14 илјади вработени, што одговара на 17 отсто од вработените во институциите на ЕУ, а потрошиле повеќе од 13 милијарди евра, покажува ревизорскиот суд.

„Регулативите на ЕУ им доделуваат многу малку обврски на телата на ЕУ во следењето на усогласеноста на сегашните и поранешните функционери со барањата за „ротирачки врати“, потсетуваат тие.

„Агенциите на ЕУ со регулаторни овластувања и врски со индустријата се особено изложени на ризик“ да ги прекршат тие регулативи, нагласуваат тие.

Лобирачките компании и секторските здруженија сакаат да вработат поранешни функционери кои добро знаат како функционираат телата на ЕУ и имаат контакти, што значи дека интегритетот на мерките и трошењето на ЕУ е во прашање, предупредува Европскиот суд на ревизори.

ЕУ обезбеди одредени заштитни мерки за Европската комисија, главниот регулатор на ЕУ, но не дефинираше униформни правила за агенциите, што значи дека тие, во најдобар случај, беа оставени на слаба и нерамномерна саморегулација.

Не постојат кохерентни и обврзувачки ограничувања за практиката на трансфер на службеници во агенциите во приватниот сектор, така што се појави правен вакуум и се испитуваат само мал број потенцијални случаи на конфликт на интереси во таа област, велат од ECA.

Само девет европски агенции имаат интерни правила за преминување на членовите на управните одбори во приватниот сектор што го регулираат, а во периодот од 2019 до 2021 година, околу 650 од вкупно 1.500, ја напуштиле функцијата.

Ризикот од потенцијален конфликт на интереси е анализиран само во 25 случаи, потенцираат ревизорите.

„И тоа е веројатно само врвот на сантата лед“, ги коментираше бројките ревизорот Римантас Саџиус.

Во јавноста најголемо внимание привлече трансферот на поранешниот шеф на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во американската инвестициска банка Goldman Sachs или обвинувањата против поранешната еврокомесарка за дигитален сектор на блокот, Нели Крос, дека лобирала за Uber.

„Секогаш кога ќе се случи вакво нешто, ЕУ страда“, рече омбудсманот на ЕУ, Емили О'Рајли.

Во извештајот на Transparency International од 2017 година, се наведува дека половина од поранешните еврокомесари и една третина од поранешните членови на Европскиот парламент биле вработени во лоби групи во ЕУ.

Витор Тешеира од Transparency International смета дека има премалку јасно дефинирани регулативи кои бараат избегнување на практиката на „ротирачка врата“, нивната усогласеност не се следи доволно, а прекршувањата се уште помалку коригирани, а ситуацијата е особено лоша во агенциите на ЕУ.

„Сегашниот систем на саморегулација, самонадзор и самокорекција не функционира, потребен ни е нов“, заклучи Тешеира.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе