До Собранието досега не е стигната оставката на Заев

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе свика седница за верификација на мандатите на новите пратеници кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија.

Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии.

Тоа е договорено на денешната редовна координација на Џафери со претставници на политичките партии.

На локалните избори за градоначалници се избрани Костадин Костадинов од СДСМ, Дарко Костовски, Тимчо Муцински, Иван Јорданов и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Биљал Касами од БЕСА.

Од Собранието информираат и дека премиерот Зоран Заев се уште на ја доставил оставката до законодавниот дом. На денешната координатива средба кај Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев дека поднесува оставка од премиерската функција.

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе